Наместо првомајска скара

01.05.2010

Кога во еден сончев убав ден од својата тераса, улица или канцеларија ќе погледнете кон Шар Планина здивот ви го одзема еден прекрасен пирамидален врв. Го задржува секој поглед и едноставно привлекува. Тоа е Љуботен со своите 2499 мнв.

Така не привлече и мене, Емилија, Петар и уште неколку љубители на планините. И не згрешивме. Имавме викенд исполнет со планинарење, сонце, чист воздух, прекрасно небо, логорски огин и нови познанства. А исто така не смаеам (а и не сакам) да ги заборавам чорбата од вргањ и шопската салата од Мите! Уживање за сите сетила!&nbsp

Марија

Петар

{gallery}akcii/2010/ljubotenmaj2010{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Step Marketi Stop&Go