Седмо-мартовска прошетка, Водно до Матка

07.03.2010

Неделно утро предвидено за прошетка со релација Водно- Матка. Осумчлена група на договореното место и време, 8 часот кај полициската над Кочо. Организаторот на турата Анета, која не можеше да дојде, ни пружи одличната поддршка, координација и реализација од својот дом. 

Временските прилики беа одлични. Снегот кој што имаше паѓано претходниот ден го газевме под своите стапала за целото време на турата. Сонцето сјаеше со цел свој сјај. Дури кај бункерите целосно му се оддадовме, поради скратувањето на патеката . Кај бункерите се сретнавме со уште една група на планинари од Кораб и други познаници, па продолживме заедно кон Матка. Глетката беше прекрасна и уживавме во јасните видици на десно кон Шар Планина и лево кон Мокра, и двете со сите свои снежни врвови, сртови и претпознатливи убавини.&nbsp

На котата направивме заедничка фотографија, па сите надоле.&nbsp

Бидејќи превозот, приватниот автобус со број 12 не врзуваше за село Шишево, Тихо, како одличен познавач на теренот, не однесе по едно скратено патче кое водеше директно во селото. На таа делба се разделивме од другата група. Патеката беше одлична. Никогаш ги немам видено селата од таа страна. Повторно Матка ме изненади. Прекрасна глетка, ја препорачувам на сите.

Автобусот со патентиран систем за заштита од сонце, Марија, Дејан х3, Макси, Тихо, Дарко и мене, не донесе сите на време дома за салта и ручек.&nbsp

Искра Геразова

Искра, Макси, Тихо

{gallery}akcii/2010/matkamart2010{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Intersport Step Marketi Stop&Go