Забава на Бегово поле 2010

18.06.2010

18,19 и 20 јуни 2010 година се одржа нашата традиционално најголема тура, Забава на Бегово поле. Во турата учествуваа 156 ученика кои беа сместени во домот Караџица и во шаторската населба во дворот на домот. 

Искачувањето на Солунска глава беше неочекувано масовно и истата ја искачија 47 планинари и рекреативци од 60-те мината кои тргнаа кон таа цел. За поздрав е овој подвиг и им честитаме на сите кои ја искачија и особено оние кои за прв пат го направија тоа.

Другата група, според планот се упати кон Бегово поле кај 7 часот. Патиштата ни се сретнаа токму тамо. Имаше и многу други вљубеници во планината кои на разни начини пристигнаа на полето дента, за забавата. Планинари, кросери, четвороцикли и малку велосипеди иако времето баш и не се погоди. За цело време облаци беа над нас, одвреме навреме заврнуваше и дожд. Дуваше силен ветер кој го оневозможи настапот на Скаптома, па затоа музика одекнуваше од еден многу добро опремен џип : ), а сиврката ја поместивме за вечерта во домот.&nbsp

Поради влошувањето на временските прилики, престојот на Бегово ни беше скратен, па така место во 16, околу 13 часот тргнавме наназад кон домот Караџица. Бидејќи на патот до Бегово и назад имавме поддршка од еден камион и камионет, голема заинтересираност имаше за нив, но и многу тргнавме пешки. За среќа времето се отвори, па сонце не грееше на пат до домот. Прекрасна прошетка и многу прекрасни фотографии по пат.

Во Караџица навреме дојдовме сите. Навреме бидејќи почна да дува силен ветер и почна да врне пороен дожд. По 3 часовниот одмор за јадење и дремка, некаде кај 19 и 30 часот дојде време и за свирката. Таа беше одлична, весела и разиграна. Беше прекината бидејќи снема струја поради силното невреме. Но и тоа не беше доволно. На терасата сите бевме сведоци на light show- то кое ни го приреди небото. Толку многу громови пред нас, волшебна глетка.

Во меѓувреме продолжи акустична свирка, а кога се пододалечија громовите, бендот, овој пат приклучен на агрегат продолжи со свирка до доцна во ноќта.&nbsp

Така помина се. Неделата исто не потсети на дождот за кратко, колку за поздрав до следната година, а од друга страна и видовме како е и вака, не како сите претходни години на Бегово, само сонце.&nbsp

Искра

{gallery}akcii/2010/begovo2010{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Step Marketi Stop&Go