с. Беловиште – Ливадички Врв (2500 мнв)

15.01.2011

Датум: 15.01.2011 година (сабота) во време од 08.00 – 18.00 часот

Повторно Шара но со друг врв. Првичната намера за оваа тура беше да се качиме на врвот Пирибег со посета на Беловишките Водопади. Иако метео службата најавуваше поубаво време во недела, доследни на колегијалноста и да излеземе во пресрет на краткото време за престој во Македонија на еден наш член, оваа акција ја изведовме во сабота.

Првично времето си беше баш како што треба, убаво, сончево и тивко. Но како што одевме низ шумата нагоре, така и времето стануваше посиво, така да во од донесовме одлука да одиме до Ливадички Врв а на враќање до Беловишки Водопад. Едногласна одлука од членовите на акцијата: Сали, Искра, Иван, Дејан Крле, Дејан Битола и Макси.

Бидејки доста пати оваа рута е газена од Дејан Крле и Иван, немавме проблем со изборот на патеките кон врвот. На околу 1800 мнв првото снегче. Дерези немаше потреба да ставаме бидејќи снегот беше мек. Како одевме нагоре снегот беше подлабок но и ветерот се појак и појак. Темпото беше умерено до континентално (ха ха ха) со можеби почести паузи, на Ливадички врв бевме во 12.30 часот. Ветерот не држеше во една неприродна поза – под агол од 60 степени, така да единственоо во таа положба немаше шанса ветерот да не не однесе.

Она што како поглед на, буквално, цела Македонија го имавме претходно не се измени. И понатака се гледаа и Јакупица, и Пелистер, и Рила и мнооогу многу други масиви и врвови. Само врвот Љуботен лека полека ни се губеше од поглед од ветрот и облаците кои го скрија за 10 минути. Тоа беше знак за враќање назад, а и снегот кој врнеше на врвот се префли на дожд кој не направи лом, но само од десната страна. Сепак благодарејќи на добрата опрема останавме суви. 

Самото време ни го смени планот така да водопадите ги оставивме за некоја друга прилика. Мене ми рекоа дека тие ќе бидат пак тамо и јас им поверував. Целата тура, лежерно ја истеравме за 8 часа. Штета што ресторанот – односно рибникот не работеше па моравме да се окрепиме со она што го имавме во ранец а со тоа и порано се вративме во Скопје. 

Убав врв од кој се пружа убав поглед во секој случај. Друштво …. Нема збор. Отидовме со намера пак брзо да се вратиме и да провериме до кај е водата на водопадот а и дали рибата од рибникот е се уште свежа. 

Mакси

Mакси

{gallery}akcii/2011/livadickijanuari2011{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Intersport Step Marketi Stop&Go