Караџица – Солунска глава 21-22.05.2011

21.05.2011

На 21 и 22 мај 2011 година, група од 14 планинари од КПС “Македон” изведовме дводневна планинарска акција. Акцијата беше поделена на два дела, едниот дел беше одење до планинарско дом Караџица, а другиот дел до Солунска глава.

Во саботата (21.05.2011) во 17 часот, од паркингот пред железничката станица во Скопје, со комбе се упативме до Преслап, од каде што продолживме до домот Караџица. Другиот ден, со старт во 04:00 часот, се изведе вториот дел од акцијата односно искачувањето на Солунска глава. Искачувањето на врвот го изведоа Дуле и Дејан, а остатокот од групата ги извршуваше неопходните подготовки за престојната традиционална планинарска забава на Бегово поле.

Марија & Дејан

Дуле

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Intersport Step Marketi Stop&Go