Пожарско, Време за рапорт :)

26.03.2011

Викендот 26/27 Март, 2011 бевме во Пожарско (Егејска Македонија) да го качиме Кајмакчалан (2524m) од грчката страна на границата и да уживаме во термалните бањи по кои е познат овој регион. На оваа тура појдовме Искра, Жаки, Цаци, Кате, Зоки, Аце, Иван, Мартин и јас.

Појдовме во саботата во 6:30 часот. Возевме по магистралниот пат за Гевгелиjа и пројдовме на граничниот премин Богородица. По влегувањето во Грција свртевме на првата кривина десно и се издвоивме од магистралниот пат. Всушност тоа е најкраткиот пат до Лутраки (Пожарско). Патот проаѓаше низ живописна природа и села – иако не е многу широк воглавно беше со убав асвалт и воопшто немаше гужва по пат. Кога влеговме во селото Скра скршнавме од патот и се упативме кон местото Купа, кое ни го препорачаат нашите пријатели од Грција (Илијас, Теодорос, Софија и Темис – кои ќе ни се придружат подоцна). Во Купа видовме прекрасни водопади и мини езерца, па тие што биле во Воден велеа дека овие тука се могу поубави и по атрактивни од водопадите во Воден. По оваа кратката посета продолживме кон Пожарско каде стасавме околу 13:00 часот. Таму не преча домаќинот Ристо и ни ги покажа собите во кои што требаше да се сместиме. Ги оставивме ранците, облековме купаќи и тргнавме кон Спа центарот. По бањата дел од нас продолжија во таверна во која не чекаа пријателите од Грција а дел отидоа да се спремаат за забавата огранизирана од домаќинот Ристо. Недела сабајле во 8:00 часот тргнавме за Кајмакчалан. Од местото кај што бевме сместени до стартното место за качување има околу 50тина км. Со кола се качивме до ски центарот па тргнавме нагоре пешки. Изненадувачки беше фактот дека иако се работи за јужни падини, ски центарот работеше и имаше скијачи. Врвот го качивме за саат време, без никакви проблеми. На врвот има црква изграденa по Првата светска војна со архитектура некакатрестиична за нашите цркви. Покривот и беше висок и остар во сина боја, оргадата од гранати и бодникава жица. Внатре во цркавата имаше ќуп на кој пишуваше дека внатре има срце од некој Швајцарски доктор – Рајс, кој ги лекувал повредените војници.

По симувањето од врвот дел од нас појдоа повторно во Спа центарот, а дел појдоа да се одморат во своите соби и да се подготват за долгиот пат.

Околу 17 и 30 часот тргнавме на пат за дома. Во Скопје стасавме скоро во 22:00 часот.

Ивана Тодосовска

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Intersport Step Marketi Stop&Go