Старо Село – Корита – Љуботен

09.01.2011

Датум: 09.01.2011 година (недела) во време од 08.00 – 18.00 часот

Продолжува окупацијата на Шар Планина. По вчерашната на Титов Врв, денес тоа го направивме на најубавата пирамида која се гледа од Скопје – врвот Љуботен. Во 06.30 часот тргнавме од Скопје во состав Никола, Дејан, Петар и Макси.

Стереотипот од искачувањето на овој врв го изменивме со одење по друга патека, односно преку Корита. Изборот на Дејан Крле се покажа како добитна комбинација бидејќи ние останатите тројца никогаш не сме ја газиле стазата на тој дел и бевме воодушевени. Патека оди низ шума по тесна шумска стаза и со тоа го избегнавме досадното табанање на широкиот пат. Дури и побрзо стигнавме на иста надморска височина со домот „Љуботен“ само од друга страна. Налетавме на траги од мечки кои доследно како форензичари ги испитавме. Попат неодминливо моравме да застанеме кај четирите викендички каде љубезните домаќини не пропуштаат никого без да се напијат чај или сок. Благодарност до нив. 

Кога ни се појави пред очи врвот Љуботен сма од себе се исцрта патеката по која ке се движиме кон него, а тоа е од почетокот на сртот па до самиот врв. Времето ни беше наклонето, сонце и мирно, се до делот каде се среќаваме со стазата која доаѓа од страната на домот. Таму малку дувна ветре со најава дека Љуботен верно си го држи ветерот. На врвот нормално, ветер кој не ти дава да се пресоблечеш, а ни раат да се облечеш. Глетката од врвот како и секогаш – прекрасна. Малку време за сликање, овошје и тргнавме назад. По пат се сретнавме со уште една мала група од Тетово и Косовска Митровица која неможеше да го заобиколи убавото време за искачување.

Назад по истата патека со уживање во погледот на зајдисонце и магијата на боите од настанот. Нормално, како што веќе реков, нема поминување без застанување кај викендичките без мало окрепување. Чајот кој го спремаат тамо е без мана. Тоа не се одбива поготово во зимно време.

Веќе ноќ не фати на симнување низ шумата но водени од искусен водач во точно предвидено време бевме кај колата. Десет часа уживање во оваа планина ни дојдоа како кец на банка што би се рекло. 

Mакси

Макси, Петар и Никола

{gallery}akcii/2011/ljubotenjanuari2011{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Step Marketi Stop&Go