7- те Рилски Езера и врв “Маљовица” (2.730 м.н.в.) 17 – 20.08.2012

17.08.2012

Четири члена од ПК “Македон” – Мила, Дуле, Диме и Петар, благодарејќи на продолжениот викенд,  решивме да се упатиме на тридневна планинарска акција на планината Рила, Бугарија.

Викендот се одржуваше и традиционалната годишна средба на духовното движење, познато како “Белото братство”, или т.н.  “Дановисти”.  Секое утро во текот на летните месеци, во околината на Рилските езера, со милитва, игри и песни го поздравуваат Сонцето, според нив – “Извор на сета добрина”.

Пристигнавме на паркингот пред планинарскиот дом “Пионерска” и по кратката подготовка на ранците, во 14:30 час. тргнавме по пократкиот шумски пат. Патот не водеше во прекрасната висока борова шума, богата со малини и боровинки. За час и половина го здогледавме домот “Рилски Езера” (2.135 м.н.в.), каде по кратка пауза се упативме кон нашата цел – кампот кој се наоѓа на 2.200 м.н.в. Околу 17 часот наидовме на голем број шатори и луѓе, членови на “Белото братство”.

Утрото, во 7:30 час. се упативме кон врвот Маљовица. Патот не водеше низ преубавите 7 Рилски езера: “Трилиснато”, “Долно езеро”, “Близнаци”, “Бубрег”, “Солза”, “Око” и “Рибното”, каде со умерено темпо и долго фотографирање на преубавите Рилски предели, се приближивме до подножјето на врвот Маљовица. Оттука, далеку долу во долината, се гледаше Рилскиот манастир. Во 11 час. пристигнавме на врв Маљовица. Времето беше облачно со повремени сончеви периоди. На врвот имаше многубројни планинари кои се воодушевуваа од преубавите пејсажи и се фотографираа. Денот го завршивме исполнети со позитивна енергија.

Следното утро, во близината на езерото “Бубрег” се одвиваше несекојдневен настан кои го приредија членовите на “Дановистите”.

По нивното завршување, се упативме кон врвот “Отовишки” ( 2.697 м.н.в.) каде повторно не следеа преубавите езера. По пристигнувањето на врвот, по кратка пауза се упативме назад по сртот, кон нашиот камп.

Следниот ден беше предвиден за бања и краток шопинг во планинарските продавници во Софија, а потоа се упативме кон Скопје.

Диме

Мила и Диме

{gallery}akcii/2012/rilaavgust2012{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Step Marketi Stop&Go