Чеплес – Солунска Глава

18.02.2012

Во текот на викендот 18 – 19.02.2012 год. се изведе планинарската акција Чеплес – Солунска Глава. Учесници – Атанас Стојковски, Весна Ивановска, Фросина Ивановска, Александар Кирковски, Диме, Дејан Битола – Водич на акцијата, Тања Пенева, Оле, Анѓелина – Лина, Влатче, Дарко Јаневски, Петар Ивановски, Душко Христов, Маријан – Макси и Николчо Петров.

Со воз од железничката станица во Скопје утрото на 18.02.2012 год. се упативме кон селото Ореше, од каде што по маркираната планинарска патека, преку селото Папрадиште, стигнавме до планинарскиот дом Чеплес. Во планинарскиот дом, бидејки веќе бевме најавени од водичот на акцијата – Дејан, не пречека домарот Јове и мала група на планинари.

Вечерта, дел од групата ноќта ја поминаа во шатори, во првиот шатор – Александар Кирков и Дарко Јанески и во вториот шатор – Маријан Живанович, Николчо Петров и Лина. Утрото 19.02.2012 год. поголемиот дел од групата се обиде да се искачи на врвот Солунска Глава, меѓутоа и покрај прекрасното сончево време, врвот сепак остана далеку, бидејќи условите за движење во длабокиот снег беа навистина многу тешки.

По собирањето на групата во планинарскиот дом Чеплес и по заслужениот одмор и сончање пред зимската идила на домот, веќе дојде време да ја завршиме оваа планинарска акција. Mеѓутоа, овој пат се одлучивме назад до желечезничката станица да дојдеме преку селото Папрадиште до Богомила. 

Атанас Стојковски

Александар Кирковски

{gallery}akcii/2012/solunska0212{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Step Marketi Stop&Go