Илинска (1908мнв) и Плакенска (1999мнв) планина, 28/29.07.2012

28.07.2012

Присутни: Аце, Винка, Цаци, Боби, Мартин и јас (Ивана)
Стартно место на качување манастир Св.Илија (1525мнв)

Тргнување во сабота во 8:00 часот. Се движевме по магистралата М4. По поминување на Кичево и Другово се издвоивме лево накај Големо Илино. Попат скршнавме до манастирот Св.Богородица-Пречиста, кој е еден од поголемите и поубави манастири во Македонија. Следна посета ни беше на рибникот Бабино во село Бабино. Прекрасен ресторан со голем двор и вкусна свежа риба. Во ова село се наоѓа најголемата приватна библиотека на Балканот – се разбира ја посетивме и неа. Домаќинот срдечно не пречека и не прошета по сите одаи. Една од собите беше етно соба, останатите беа полни со книги. На проѓање кон нашата крајна дестинација ни беше изворот на Црна река во село Железнец. Селото е со стари очувани куќи и на мое изненадување со доста луѓе.

По сите овие кратки посети околу 15 часот стасавме во нашето преноќувалиште кај манастирот Св.Илија. Убаво се одморивме и во 19 часот тргнавме кон врвот Лиска (1908 мнв). Температурата беше совршена а месечевата светлина доволна да немора да ги уклучваме батериите. Патеката е доста блага а искачувањето трае околу 2 часа со средно темпо.

Следниот ден тргнавме кон врвот Плаќе (1999 мнв). Времето беше многу топло но за среќа поголемиот дел од патот е под шума. И на овој врв искачувањето траеше околу 2 часа со средно темпо. Планината е богата со боровинки, малини и разни чаеви, па дел од нас беа магепсани и времето го поминаа насладувајќи се со здравјето и задоволството кое го нуди оваа планина.

Во 16 часот тргнавме кон дома, но авантурата не заврши тука. За назад го избравме новиот пат низ резерватот Јасен. Патот е сеуште во изградба и го пуштаат саат ипол во една насока па саат ипол во друга насока. Се вози цело време покрај езерото. Дел од патот е асвалтиран а дел е земјен но добар за возење. Има многу кривини и е доста небезбеден, особено на новиот дел зошто има одрони од камења по целиот пат.

Турата беше одлична!! а доброто друштво задоволството го направи уште поголемо!

Фала на сите за дружбара! =))

Ивана

Цаци

{gallery}akcii/2012/ilinska28072012{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Intersport Step Marketi Stop&Go