КРЧИН (2.350 м.н.в.) 30.09.2012

30.09.2012

Како што беше најавена и договорена планинарската акција, се изведе искачувањето на Крчин. На акцијата имаше неочекуван голем број на учесници, чиј број достигна до 28 учесници. Утрото, во 05:30 час. со три комбиња и една кола сите заедно тргнавме од пред поштата кај нова жележничка станица и се упативме кон село Ростуше.  Оттаму, по инструкции на водичот Слободан Јовановски-Боби, кој ни објасни дека патеката е долга 6,3 км и треба да се совлада вкупно 1.200 м.н.в. се упативме кон врвот Крчин кој е висок 2.350 м.н.в.

Патеката по која се движевме беше прекрасна, првиот дел е во шума, каде веднаш по нејзиниото завршување се наоѓа една мала црква. Потоа,  по предел со ниска трева и прекрасни пејсажи се оди ков врвот Крчин, каде исто така, има остатоци од стара мала црква. На врвот се искачија сите учесници, просечното качување беше, од тргнувањето за 4:30 часа.

Атанас Стојковски

Климентина и Дуле

{gallery}akcii/2012/krcin30092012{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Intersport Step Marketi Stop&Go