Љуботен (2.499 м.н.в) и Голем Кораб (2.764 м.н.в) 08 – 09 Септември 2012

08.09.2012

Планинарење, дружење, уживање…Три збора кои најдобро го опишуваат изминатиот викенд.

Традиционално, 8-ми Септември, најсветлиот ден од поновата историја на нашата татковина, ние љубителите на природата и планинарењето, го одбележуваме со искачување на Голем Кораб (2.764мнв).

На предлог на нашиот претседател Аце, овој пат решивме да го продолжиме нашето планинарско дружење и договоривме искачување и на врвот Љуботен (2.499мнв) .

Според  договорот, на 07.09 (петок), во 19:00 час. се чекавме пред Олимпискиот базен. Со добро расположение и весел  дух ја започнавме дводневната акција.Учествувавме 11 луѓе, 7 членови на Македон: Александра, Петар, Аце, Алек, Дуле (Шулц), Диме и јас (Влатко), тројца пријатели на Петар од астрономското друштво: Ирина, Мартин (првиот) и Мартин (вториот) и Боби, пријател на Аце. Во Старо село (900м.н.в), местото каде што ги оставивме автомобилите, пристигнавме околу 21:15 час. и по кратката подготовка на опремата, се упативме кон планинарскиот дом Љуботен,кој се наоѓа на 1.650 м.н.в. По двочасовното ноќно пешачење, кое беше вистинско задоволство, пристигнавме во домот и се сместивме во една од просториите. Следуваше дружење во дворот пред  домот и одмор пред утрешното искачување на Љуботен.

По доручекот во прекрасното планинско опкружување, кое е навистина тешко со зборови да се опише, во 8:00 час. го започнавме искачувањето на еден од највпечатливите врвови на Шар планина. Се движевме по добро обележаната патека која започнува директно од домот. Одличните временски услови го надополнуваа уживањето. Со мали попатни одмори пристигнавме на врвот Љуботен околу 10:00 час. По задолжителното фотографирање, со позадини кои само овој врв може да ги понуди, се упативме кон Козја Стена. По едночасовниот одмор кај изворчето, се упативме кон домот, каде амбиентот од впечатливите карпи и амбиент на Козја Стена не остави никого рамнодушен. Следуваше мала пауза за ручек и задолжителното ладно пиво, се поздравивме со домарот Мите и се упативме кон Старо село, подготвени за новото доживување – Голем Кораб, највисокиот врв во Македонија. Кај караулата Стрезимир (1.470 м.н.в) пристигнавме околу 19:00 час. Голем број на планинари веќе беа тука. Шаторите ги поставивме на свежо искосената трева  и веднаш се придруживме кон позитивното расположение кое го имаше во кампот, развеселени планинари од цела Македонија и соседството. 8-ми Септември е и роденден на нашиот член Алек, кој вечерта ни приреди мала роденденска забава. Запаметена ќе е и тортата, благодарение на Аце, за која верувам дека е најнеобичната  роденденска  торта која ја имал досега.

Утрото станавме околу 6:00 часот. Веќе пристигнуваа групите кои го започнуваа искачувањето. Пристигнаа и останатите членови на Македон: Оле, Лина, Макси, Ирена, Бојан, Мартин и Ана, кои се одлучија за еднодневната акција. По лесниот доручек, ги подигнавме шаторите и во 7:20 часот започнавме со искачување на врвот Голем Кораб. Се движевме во група, по добро познатата и одлично обележана  патека, со мали попатни одмори. Искачувањето на врвот Голем Кораб преставува големо задоволство. Самата планина, погледите на врвовите во далечините, глетката на дел од Мавровското Езеро, чувството кога ќе го искачиш највисокиот врв во Македонија, мамат голем број на планинари и вљубеници во природата, кои овојпат броеа околу  2000. По 4 часа пешачење, во 11:20 часот пристигнавме на врвот. Сите учесници го искачивме. А таму, насмеани лица и групно чувство на задоволство што сите заедно сме дел од сето ова. Фотографирање, дружење, исполнето со смеа, малку “фаќање боја” на планинското сонце и малку дремка… Комплетна едночасовна уживанција. Околу 12:30 часот се упативме назад, кон караулата. Со попатни паузи за фотографирање, по 3 часа бевме долу. По малата ужина и задолжителното ладно пиво, дојде крајот на ова неделното другарување по планините. Чувството на задоволство, исполнетост, и малку сладок умор секако,нема ни да се обидам да ги опишам, туку ќе ве поканам на некоја следна  акција  заедно да ги споделиме. Пристигнавме во Скопје околу 20:00 часот и се разделивме со желба за ново скорешно дружење.

Планинарење, дружење, уживање…тоа се правите зборови.

Влатко

Мартин и Мартин

{gallery}akcii/2012/ljuboten-korab-2012{/gallery}

They should have access to those resources to try it, like databases, encyclopedias, dictionaries, encyclopedias and other reference

You shouldn’t try to rush something, and ought to make it a custom to read through the assignment https://www.affordable-papers.net/ before you begin working with it.

publications.

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Step Marketi Stop&Go