Љуботен – традиционално искачување 11.11.2012

11.11.2012

Во чест на ослободувањето на Скопје, веќе по петти пат традиционално се одржува искачување на врвот Љуботен (2.499 м.н.в.).

 

Поради тоа, во неделата, во 06:15 час. со 3 полни автобуси од различни планинарски друштва, се упативме кон нашата цел. И членовите на ПК “Македон”, како и секоја година, така и оваа учествуваа и тоа: Мила, Цаци, Дуле, Петар, Ирина, Ана, Дуле – Шулц, Диме, Драгана, Бојан Киров и двајцата Мартиновци.

По пристигнувањето во Старо Село, веднаш сите се упативме по широкиот макадам  пат, кој води низ преубава шума. Времето веќе беше сончево и идеално за планинарење. За околу два и пол часа, поголемата група пристигна во домот. Овде не пречека убав планински чај (благодарност до организаторот), но некако убавата атмосфера која постоеше кај сите нас беше нарушена од веќе “традиционалната“ српска народна музика која се слушаше од домот. Убавото време не натера да се поделиме во мали групи во искачувањето на врвот.

Искачувањето беше проследено од групи планинари кои уживаа во убавите пејсажи од облаците кои покриваа дел од Тетово и околните планини. За околу 2 часа со умерено темпо, во 12 час. пристигнавме на врвот. Овде веќе беа присутни голем број на планинари, кои одмараа користејќи го сончевото време, без ветер, малку необично за врвот. Преубави погледи кон масивот на Шар Планина, веќе и со малку снег по сртовите, многу фотографии, дружење, релаксирање и веќе околу 13:30 час. моравме да го напуштиме врвот. Во домот сега веќе имаше уште поголем група планинари. Во 16 час. веќе почнавме да се симнуваме кон селото и да се упатуваме кон нашите автобуси. Пристигнавме во Старо Село токму кога се стемнуваше и за кратко време тргнавме кон Скопје.

Се на се, добра организација и прекрасно планинарско дружење, заокружено со убаво сончево време.

Се гледаме и следната година…

Петар

Дуле – Шулц, Диме, Мартин и др.

{gallery}akcii/2012/ljuboten11112012{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Step Marketi Stop&Go