Митикас, Олимп (2.918 м.н.в.)

09.08.2012

За време на неколкудневниот престој на грчките плажи, сосема случајно падна идеја за искачување на вториот по височина врв на Балканот, Митикас на Олимп. Така, на 09.08.2012 рано наутро заедно со Дарко со автомобил се упативме кон местото Приони на 1,100 м.н.в.

Од таму во 6:00 часот појдовме во освојување на планината. Утрото беше прекрасно и многу брзо се движевме нагоре, за веќе во 7:45 часот да бидеме пред домот на 2.100 м.н.в. Овде одморивме многу кратко и со исто темпо продолживме кон Митикас, каде стигнавме околу  9:30 часот.

По половина час престој на врвот и прекрасната глетка, веќе почна да се остварува временската прогноза. Почна да се  насобираат облаци, што беше знак да почнеме да се движиме назад. Во домот пристигнавме околу 12 часот, следеше мала  пауза за прекрасен планински чај и закуска. Во 13 часот тргнавме кон Приони каде стасавме во 14:30 часот, токму навреме за да го избегнеме попладневниот дожд на планината. Штом стигнавме назад во Неи Пори го паркиравме автомобилот и оваа прекрасна авантура се заврши со студено пиво на прекрасната песочна плажа.

Алек

Алек

{gallery}akcii/2012/olimp09082012{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Step Marketi Stop&Go