Остри Врв – 18.03.2012

18.03.2012

Според договореното, во 7 часот пристигнавме до с. Патишка Река со 2 коли и 9 луѓе – Дуле водач, Дејан – Битола, Оле, Лина, Диме, Мартин, Петар, Макси и Зоки. Прогнозата за тој ден беше Сонце и слаб ветар. По кратки подготовки, тргнавме кон нашата цел – Остри Врв.

И покрај снегот што го имаше во изобилие, лесно се движевме и по кратки паузи, бргу стригнавме до шумата. Сонцето веќе беше високо над нас. Нетрпеливи да дојдеме побрзо на врвот, наместо да одиме цело време во шумата, одлучивме да скратиме со директно искачуваше над шумата.

Снегот на моменти веќе започна да ни прави проблеми, кој се топеше од силното Сонце. По малата пауза на бачилото, трнавме кон освојување на нашата цел. Во колона по еден, уживавме во убавините и моќта на планините околу нас. На врвот пристигнавме во 12 часот и по задолжителното честитање за освоениот врв, започнавме со неизбежното фотографирање. Сонцето и смиреното време не принудија да останаме час и половина, воодушевувајќи се на околните прекрасни врвови кои беа под снег. 

Дојде време да трнеме, иако никој од нас не сакаше да ја напушти убавата атмосфера која владееше меѓу нас. Во одлично расположение и направени безброј фотографии, започнавме да се спуштаме. Растопениот снег повоторно на некои места ни задаваше проблеми, но штом излеговме од шумата, веќе се беше полесно.

Во 16 часот презадоволни од убавата акција и убавото време стигнавме во селото. 

Петар

Петар

{gallery}akcii/2012/ostivrv1803{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Step Marketi Stop&Go