Плат – Среден камен – Титов врв – Мал Турчин – Крива Шија (07-08.07.2012)

07.07.2012

Викендот, 07 и 08.07.2012, тројца членови на ПК “”Македон””: Дејан, Петар, Диме и Зоки од ПК “”Кораб””, изведовме дводневна планинарска акција на Шар Планина.

Стартот на акцијата беше од пред хотелот “Бора” на Попова шапка, каде што и го оставивме нашето возило. Во 06:45, со нашите ранци од по 15-тина кг. се упативме нагоре по бандерите кон патот за Лешница.

Кај бачилото се исклучивме од патот и по добро маркирана патека, почнавме со искачување на седлото од врвот Плат. На седлото, ги оставивме ранците и така олеснати се качивме на врвот Плат (2.398 м.н.в), прв од планираните за нашата тура. Од Плат се спуштивме на Лешничкиот водопад, во долината помеѓу Плат и Среден камен, нашата следна цел. По кратката пауза и обновување на резервите со вода, која што и тоа како е потребна во ваквите жешки денови, продолживме нагоре кон Среден камен.

И истата шема како и претходно. На седлото ги оставивме ранците и се качивме на Среден камен (2.465 м.н.в). По задолжителното фотографирање и уживањето во погледот што го нуди овој дел од Шара, се спуштивме до седлото, ранците на грб и по каменитиот срт се упативме кон Титов Врв. Титов врв (2.747 м.н.в) нашата последна дестинација за првиот ден. По пристигнувањето на врвот, следуваше ручек, поставување на шаторите, … а на крајот од денот, следеше незаборавно зајдисонце.

Следниот ден продолживме со нашата рута. На ред беа Мал Турчин и Крива Шија. Околу 07:45 се упативме по сртот кон Мал Турчин (2.702 м.н.в). Се спуштивме по стрмната падина и се качивме на сртот паралелно со Титов врв кој што води кон последниот врв од оваа наша акција. Се спуштаме кон Кривошијска река и надолу по реката на Кривошијскиот водопад. На Лешница, кај разурнатиот планинарски дом, правиме поголема пауза и се упатуваме кон Лешничкиот водопад.

Прегреани од жешкото Сонце и долгото одење, во близина на бачилото, под водопадот се разладуваме во Лешничка река. Сликите се цензурирани :).

Така освежени, си го фативме патот под нозе и по истата патека по која доаѓавме, околу 20:00 часот пристигнавме кај нашето возило, а со тоа ја завршивме и нашата викенд акција.

Дејан

Петар

{gallery}akcii/2012/shara-dvodnevna072012{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Step Marketi Stop&Go