Шумски резерват ЈАСЕН (13.04.2012)

13.04.2012

За време на Велигденските празници на 13.04.2012: Искра, Зоки – Ханс, Цаци и Тања (другарка на Цаци ) направивме еднодневна тура низ шумскиот резерват Јасен.

Познат по специфичната флора, фауна и геолошките природни реткости, со површина од околу 32 илјади хектари, резерватот ги опфака западниот масив од Јакупица, Караџица, Сува Планина и Сува Гора, кањонот на реката Треска и три акомулациони езера: Козјак, Матка и Св.Петка. Непосредната близина до Скопје дава можности за организирање на еднодневни рекреативни активности: планински велосипедизам, планинарење, алпинизам, спеологија….

Нашата еднодневна тура низ резерватот ја започнавме од страната на с. Нова Брезница. По пристигнувањето со кола до капијата на резерватот и задолжителното легитимирање и оставање на личните карти кај вработените од ЈП Јасен, пешачењето го започнавме по шумска широка патека во придружба на шарпланинец, кој ненадејно се појави, но верно не следеше до самиот крај.

По едночасовно пешачење и следење на поставените табли, означени со надморска висина на која се наоѓаме, стигнавме до местото Урнат Камен (1385 мнв) – Видиковец, од каде што се простираше прекрасна панорама на поголем дел од резерватот. Пред нас се простираа планинските врвови од Поречието, од лева страна врвот Миленков Камен од масивот.Караџица, а од десна страна езерото Козјак со браната и дел од кањонот Матка.

Се на се, уживавме во преубава глетка без разлика на силниот ветар и темните облаци кои почнаа да не обиколуваат од сите страни.

На враќање за назад, пропратени од ситен дожд, еднодневната Велигденска тура ја завршивме со посета на Марков Манастир. Комплексот е составен од прекрасни реновирани конаци, црквата Св.Димитрија (14 век) и сочуваната стара воденица како музеј за традиционалниот начин на мелење жито во која, исто така, има изложба на разни народни носии. 

Славица – Цаци

Славица – Цаци

{gallery}akcii/2012/jasen1304{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Step Marketi Stop&Go