Трансверзала Скопје – врв Солунска глава – с. Папрадиште (железничка станица Ореше)

28.03.2012

Членовите на ПК Македон во овој период (август 2011 – јуни 2012) работат на реализација на проектот Транзверзала „Скопје – врв Солунска глава – с. Папрадиште (железничка станица Ореше)“. Истиот се финансира од Швајцарската амбасада преку нивната Канцеларија за соработка во Скопје.

Проектот се состои од расчистување и обележување на трасата на трансверзалата с. Горно Количани – пл. дом Китка – Преслап – пл. дом Караџица, Руски споменик – Здуње – Бегово поле – Солунска глава – пл. дом Чеплес – с. Папрадиште – железничка станица Ореше. Освен тоа ќе бидат поставени и Информативни табли и Патокази на одредени места покрај трасата.

Како финални активности предвидени се медиумска и теренска промоција на Трансверзалата.

Моментално додека се создадат услови за работа на терен, се работи на планирањето на финалните активности: расчистување и обележување на одредени делови од трасата, како и проверка на она што е сработено минатата година потоа активности поврзани со дизајнирањето, изработката и поставувањето на Информативните табли и Патокази.

За почеток неколку фотографии од досегашните активности. 

{gallery}akcii/2012/transverzala{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Step Marketi Stop&Go