Вртешка – Пештера Ќуп – Врв Туртел – Маскенбал 31.03 – 01.04.2012

01.04.2012

ПК “Македон“ организираше дводневна планинарска акција и забава маскенбал на планината Плачковица – плaнинарскиот дом Вртешка – Штип. На акцијата учествуваа 28 лица: Аце, Весна, Фросина, Дуле, Мила, Зоран, Бојан, Кате, Петар, Зоран (Ханс), Дуле, Лина, Дарко, Кате, Марио, Ема, Анета, Марко, Цаци, Винка, Соња, Оли, Љубица, Виктор, Николчо, Верче и децата Бојан и Михаил.

Во саботата, во 7: 30 часот со 6 возила тргнавме од Скопје кон Штип (преку Куманово – Св. Николе). Од Штип ги зедовме нашите домаќини и водичи Лазе и неговиот другар од ПК “Лисец” и се упативме кон планинарскиот дом Вртешка (1.107 мнв). Возилата ги оставивме на околу 2 км. пред пл. дом Вртешка , а по препорака на водичот Лазе пешачењето го започнавме кон пештерата Ќуп, која се наоѓа на подножјето од врвот Туртел ( 1.689 мнв). Пештерата е една од поновите откритија на спеолозите од ПК “Лисец” (откриени се вкупно 4 пештери: Ајдучка , Голема пештера, а подоцна Ќуп и Туртел пештерата).

Влезот во пештерата кој е вертикален и на некои места тесен, не ги предомисли поголемиот дел од групата да влезат во внатрешноста до големата просторија, каде има разновидни пештерски украси и неколку лиљаци . Влегувањето во пештерата се одвиваше етапно по 5 – 6 лица во група. По посетата на пештерата, продолживме кон врвот Туртел (1.689 м) каде што нестрпливо не чекаше Виктор (пристигнат на врвот пешки од Кочани). По кратка пауза на врвот и неколкуте фотографирања, се спуштивме од другата страна на планината до колите и до пл. дом Вртешка. По сместувањето во собите и краткиот одмор, следуваше МАСКЕНБАЛ ЗАБАВА која траеше до раните утрински часови.

Неделата, околу 11:30 часот го напуштивме пл. дом Вртешка и го посетивме локалитетот Баргала, кој ни беше во непосредна близина од патот. По посетата на Баргала и многуте фотографирања се упативме кон Штип – Бања Кежовица, каде дел од групата се релаксираше во базените од бањата, а останатите посетија некои од штипските кафулиња.

На крај, викенд маскенбалот го завршивме со ШТИПСКА ПАСТРМАЈЛИЈА. 

Славица Јошева

Славица Јошева

{gallery}akcii/2012/vrteska01april12{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Intersport Step Marketi Stop&Go