Даутица и Солунска Глава 8 – 9 јуни 2013

08.06.2013

Планинскиот масив Даутица, прв сосед на планината Јакупица, гордо, диво и љубоморно ги чува убавините од погледот на вљубениците во природата.Низ неправедно запоставуваната дива убавица прошетаа: Боге, Кире и Дуле. Првиот ден, по новомаркираната патека со мешана група од Велес, Прилеп и Скопје, беше искачен највисокиот врв – Прчило (2.178 м.н.в.) според месното население, со што завршува месноста Плавник.

Истиот ден, Кире и Дуле, заедно со Сашо од ПД “Кораб” и двајца велешани од врвот префлајќи неколку гребени во придружба на ниско распосланите бели облаци се искачија на Солунска Глава. На крајот од денот преку домот “Чеплес”, групата пристигна во с. Папрадиште. Следниот ден, Боге и Дуле преку друга патека што ги открива мистичните предели на Даутица, за 4 часа го искачија вториот врв по височина на таа планина – Бел Камен (2.095 м.н.в.), многу ретко посетуван, кој величествено се издигнува над преубавите зелени и камени предели во тој дел на Македонија, чувајќи ги тајните само за себе, но и за по некој љубопитен планинар.

Дуле

Дуле

{gallery}akcii/2013/dautica2013{/gallery}

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Step Marketi Stop&Go