Прослава по повод 5 – годишното постоење на ПК “МАКЕДОН”

02.04.2013

По повод петгодишното постоење на ПК “Македон” на ден 02.04.2013 година во фоајето на Младинскиот Културен Центар (МКЦ) беа изложени фотографии од акции, изведени од нашето досегашно постоење.Изложбата беше со времетраење од три дена.

На денот на отворањето на изложбата од страна на нашиот Клуб, беше организирана прослава со мала закуска и однапред добро избрана музика.

На наше големо задоволство, на прославата зедоа учество околу стотина гости: наши поранешни, сегашни и се надеваме идни членови на нашето планинарско друштво, членови од разни планинарски друштва, како и наши драги пријатели, од кои секогаш добиваме голема поддршка во она во што сме препознатливи – планинарењето. Заклучивме дека присуството е повеќе од задоволително, особено поради поројниот дожд кој го зафати Скопје, непосредно пред одржувањето на прославата.

Преку преубавите фотографии беа враќани спомени, кој како дошол во Друштвото, каква била првата планинарска акција, која е акцијата која засекогаш ќе биде врежана во нашите сеќавања…. и на планинарските муабети им нема крај. Особено поради тоа што беа раскажани од страна на луѓе полни со разновидни искуства, доживувања, успеси, но и стравови и неизвесности, се она што без да бидеме и самите свесни, може да ни го приреди сосема непредвидливата планина. Исто така, беа поделени Пофалници и Благодарници до сите физички и правни лица, кои беа со нас овие пет години, помагајќи ги нашите активности при организирањето, на сега веќе традиционалната забава на Бегово Поле, како и акции изведени надвор од Р. Македонија.

Се на се, беше направено соодветно одбележување на нашето петгодишно постоење. Се надеваме дека во иднина, ќе има уште многу вакви и уште помасовни годишнини за прославување.

ПК “Македон”

Душко Христов

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Intersport Step Marketi Stop&Go