ПК Македон на северен кулоар на Бориславец (06.12.2015)

08.12.2015

Викендот шестчлена група планинари од ПК Македон го искачија врвот Бориславец, Шар Планина преку северен кулоар во близина на Боговинско езеро.

Стартувавме од с. Ново Село – Боговиње,Гостиварско. Го заобиколивме Боговинско Езеро и се упативме кон врвот Бориславец. Решивме да го искачуваме преку северниот кулоар. Кулоарот беше долг околу 300 м. снегот на почетокот беше длабок, а при врвот се помалку го имаше. При качувањето сретнуваме и сипар, па затоа моравме да бидеме многу внимателни. На одредени места бевме принудени да користиме и цепин.

Косината при искачување изнесуваше од 30°до 40°. На акцијата учествуваа членовите на ПК Македон: Петар Ивановски, Дејан Тодевски, Димитар Павловски, Дејан Атанасов, Дарко Јаневски и Андреја Јакимовски.

Петар Ивановски

Сите

Назад кон извештаите
Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Intersport Step Marketi Stop&Go