06.04.2008
Петтото утро од април 2008 година беше намуртено и навестуваше дождлив ден. Но, ние четворицата Слободан Јованоски-Боби, Денко Тодоровски, Атанас Стојковски и Душко Христов не се предомисливме. Бевме цврсто решени да ја оствариме првата планинарска акција на нашето новоформирано друштво.
Изборот падна да направиме проштка во село Кожле и неговата околина.
Во селото стигнавме околу 9 часот. Местото е речиси напуштено. Само неколкумина останати да ги вардат прадедовските огништа , другите се викенд жители. Старите куќи иако во процес на распаѓање сеуште посетуваат на некогашната убав македонаска традиционана архитектура што полека исчезнува.
Во близина на селото се наоѓа се нeкоашниот Кожленски град кој бил добро развиен средовековен центар. Крстосница со развиен живот и важна комуникациска алка со други места и население.
Погледот на југ отвора преубава глетка кон кривулестото течение на реката Вардар над кого на хоризонтот се покажуваат врвовите на Голешница – Лисец и натаму Јакупица од каде што sиркаат нејзините врвови.
На север погледот не носи кон Катланово и локалитетот Бадар кадешто минува реката Пчиња. Брзо го напуштивме селото. Излеговме на патека што води низ ниско стеблеста дабова шума за по кусо време да навлеземе во зимзелена колпнија од преубави тиси со опојна миризба.
Стигнавме до еден неверојатен видиковец, би го нарекле Гетсиманска Градина. Стари тиси и бели мазни карпи во совршена хармонија. И да нескаш нешто те тера да седнеш и да го почувствуваш спокојството на миризливите тиси,боите на земјата и ветрот што милува.
Местото е свето. Во близина има неколку цркви. Од двете страни се наслушнуваат и гледаат двете реки. Од лево доаѓа Пчиња, а од десно Вардар кои подолу за околу еден километар стануваат една вода.
По кусата пауза продолживме да одиме по сртот на ридестото место. Се пуштивме до речното корито на Вардар. Беше матен темно кафена боја и на тоа место доста матен и длабок. Требаше да го минеме. Тоа го направивме со помош на убавиот понтонски дрвен мост које е вистинска атракција. Оттаму дојдоме до железничка станица Пчиња. Тргнавме веднаш нагоре по шумската патека која не одведе до црквата Свети Илија изградена пред триесетина години. Сместена е на преубаво место прекриено со букови и брестови. Во долчето меѓу црквата и конаците е шарената чешма од каде извира чиста студена вода и ги разделува двата објекта. Мошне пријатна пауза, но за жал продожуваме кон другото село Карабуниште. Се движиме низ шума од даб со стари пожолтени лисја. Наместа наидуваме на затскриени од погледите малечки ливади. По некое време шумата ја оставаме зад нас. Но, веќе пред очи ни се појавува огромен празен простор и во далечината се наѕираат и отпоздравуваат покривите и ѕидовите на првите селски куќи. Стигнуваме на сред село. Не пречекува голема убава изѕсидана селска чешма што ја пориваат неколку столетни бреста.
Карабуништа е збиено компактно село со камени куќи со поглед на североисток, како на дланка Кожле, Вардар и Катланово. Го изградиле турски бегови. Навистина знаеле да си изберат место за уживање.
Студената вода не освежи и тргнавме надолу во придружба на ситниот дожд. Во Гетсиманската градина ја направивме малата пауза за свечениот ручек- леб, сланина, колбаси, сирење, салата од домати, краставици и зелка. Прослава без наздравување не бидува. Денко извади од неговата специјална стара жолта. Нормално за крај македонско црвено вино. Боби мудро ја чуваше Александрија како изненадување. Капките дожд ни ги миеја лицата . Не беше важно. Се слеваа со тишината, ударите на дождот по мазните карпи шумолењето на ветерот и песните на по некоја птица.
Опиени од аромата на убавината без да сетиме сме стигнале во селото. Не пречека разредена магла и по некое осамено лаење на куче во далечината.
Приказната за КПС Македон почна.
Пишува: Душко Христов
Фотографии: Дуле, Боби, Денко
Назад кон извештаите