Осмомартовска акција

Зошто жените се помалку „популарни’’ во планинарските спортови? Зошто не гледаме успеси на жена колку што гледаме на мажи? Зошто уште постојат бариери, кои не спречуваат и оневозможуваат? Ние сме одлични планинарки, скијачки, алпинистки, качувачки, мајки, девојки, домаќинки, деловни жени, студентки и сите можеме повеќе! Овој 8 Март ќе го одбележиме традиционално со нашата женска акција на Љуботен, еден ден претходно. Дојдете да го разбудиме женскиот глас, да ја размрдаме женската сила и меѓусебно да се мотивираме, инспирираме и поддржиме искачувајќи го Љуботен, без предрасуди, да „трачариме’’ за женските успеси во спортот и да поминеме еден убав, топол и снежен ден на Шара зошто сме силни како жена!Акцијата е предвидена да почнува од с. Старо Село и да се движи до Вила Љуботен, каде имаме едно мало но слатко изненадување за сите жени и девојки, на оние кои ќе им тргне муабетот или немаат соодветна опрема, остануваат во Вилата а сите останати се упатуваме до врвот! Иако акцијата е за денот на жената, ги покануваме и сите машки кои не поддржуват и ни го даваат ветерот во грб да дојдат и да го прослават овој ден со нас, а за да се помине во најдобар и најбезбеден ред, ќе се погрижат планинарите од Македон.

Технички информации за акцијата

Тргнување:
Сите се чекаме во 05:45 и тргнуваме во 06ч од паркингот пред Пошта на железничка. Ги замолуваме сите да бидат на време.

Патека:
Патеката е целосно маркирана и почнува од с. Старо Село на 900 мнв, почетокот на патеката е по шумски предел до Вила Љуботен на 1600 мнв каде продолжуваме кон гола но трасирана патека до самиот врв Љуботен на 2499 мнв.

Време на движење до Вила Љуботен – околу 2ч. 30мин.
Време на движење од Вила до врв – 2ч. 30мин.

Акцијата спаѓа во средно тешка категорија (во зимски услови).

Потребна опрема:
Планинарска опрема за зимско искачување, разгазени планинарски чевли, планинарски стапчиња, гамашни, капа, ракавици , топла јакна, дерези, шушкавец, минимум 1,5л вода, челна лампа, храната е од ранец и препорачуваме да носите енергетски барови, суво овошје, јаткасти плодови.

Официјални водичи за во зима:
– Александар Кирковски
– Петар Ивановски

Цена: За поддршка на организацијата и нашите искусни водичи, акцијата ќе има симболична цена од 100 денари, плаќањето ќе биде на зборното место за состанување (паркингот кај поштата на железничка).

Превоз:
Поради Ковид протоколите, акцијата нема да има заеднички организиран превоз и сите доаѓаме со сопствени возила. Но, за целите на подобра организација ги замолуваме сите кои сакаат да ни се приклучат претходно да се најват со порака/повик/вибер на следните телефонски броеви:
Хелена – 078 380 298
Сања – 078 348 855
Драгана -072 267 716

Напомена!
Поради пандемијата со КОВИД19, сите мораат да носат маска или прекривка околу устата и носот, особено на местата каде стоиме и да држат дистанца од мин. 3 метри додека се движиме. Оние кои не ги почитуваат барањата на организаторите ќе биде побарано да се исклучат од акцијата. За ваша зголемена безбеност препорачуваме да носите заштитни маски во возилата кои доаѓате и да не се групирате со повеќе од 3 лица во едно возило.

*Организаторот го задржува правото да ја откаже акцијата во зависност од временските услови и ситуацијата со Ковид пандемијата.

Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Step Marketi Stop&Go