Предупредување

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/makedonm/public_html/images/akcii/2008/eden-son-novogodisen

Забелешка

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/akcii/2008/eden-son-novogodisen

Еден убав сон, Новогодишен на Матка

Ветрот ширеше студенило. Капките дожд го освојуваа просторот. Решително инсистирав да се држиме до планот, да не се откажуваме уште пред да тргнеме. И стигнавме до почетокот на насоката. Големите камени блокови владееа со блесокот на водените копја. Застрашувачка убавина.

Боби тргна прв. Со беспрекорна леснотија ги совладуваше препреките. За неколку минути веќе не го гледавме, јажето беше оптегнато до својата средина каде што бев јас, на другиот крај беше Оли. Можев да тргнам, всушност не можев. Црниот камен ме враќаше назад со телото и со мислите. Сакав уште веднаш да прекинам, но со помош на Оли ги поминав овие црни страшила. Продолжив несигурно, користеќи ја малата сила што ја имав во рацете, кои уште на почетокот ја изгубија својата топлина при средбата со студените карпи. Со освојување на вертикалата чувствував повеќе сигурност. Дождот се смири, само по некоја капка освежуваше одвреме навреме. Наместа ветрот ја беше исушил карпата. Наместа повторно чувствував страв. Мојот мозок сакаше да се чувствува безбедно и затоа го блокираше моето тело. А знам дека постои само еден вистински и разумен избор. Да продолжам понатаму. Со мене владееа помешани чуства. Радост, тага, последица...

Не знам колку време беше потребно за да стигнеме до целта. Но знам дека за сето тоа време јас бев смо еден плашлив војник, кој внимателно ги следи инструкциите, со цел да победи во битката. Но јас не победив, само преживеав.

***

Откако се одморивме во дворот на црквата, тргнавме назад. Слегувајќи надоле повторно ја видов патеката што водеше кон Новодишен. Им кажав на Боби и Оли дека ќе ги стигнам за неколку минути додека да направам некоја фотографија. Тие продолжија без мене. Повторно дојдов до големите блокови. Овој пат, ослободена од секој товар, секоја мисла. И тргнав. Беше толу лесно и едноставно. Сега не ми требаше некој да ме води и да ме поддржува. Карпите ми ги подаваа своите дланки кои ме водеа угоре. Стигнав до пред врвот, само уште да ја испружам раката, си реков и ќе направам една убава починка. Во тој момент каменот што го држев се одвои од целината. Карпата ме одалечи од себеси и почнав да паѓам. Неможев да врескам, само се препуштив на звукот од струењето што го предизвикав. Треснав толку силно, што не го чувствував грбот, не можев да мрдам ни со рацете ни со нозете. Успеав да ги отворам само очите. Ги видов ѕидовите на мојата соба, а јас лежев на подот до креветот. Колку убав сон си помислив.

Голема благодарност до Боби и Оли кои ми помогнаа и трпеливо ме бодреа за време на ова прекрасно искуство.

Ивана Младеновска

Боби, Оли, Ивана

{gallery}akcii/2008/eden-son-novogodisen{/gallery}
Sky Bet by bettingy.com

5°C

Скопје

Делумно облачно

Влажност: 78%

Ветер: 11.27 km/h

  • 10 Дек 2018

    8°C 0°C

  • 11 Дек 2018

    4°C -4°C

clenstvo
Членарината за 2018 година во ПК Македон изнесува 350 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе