Предупредување

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/makedonm/public_html/images/akcii/2008/treskavec

Забелешка

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/akcii/2008/treskavec

Трескавец, Маркови кули 20-21.10.2008

Епа вака. Се собравме во 6:15 утрото. Сите 12 луѓе. Си фативме воз кој oдеше до Прилеп и тргнавме. Вагоните беа со купеа за спиење, па некои од нас и си се доспаа.

10:30. Веќе сме во Прилеп. Седнавме во првата кафеана. Се напивме по еден чај пред тргање. Купивме се што ни треба и тргнавме. Прашавме луѓе, по кој пат е поубаво да одиме за да стигнеме до Манастирот Трескавец. Фино ни објаснија и тргнавме. Полека, но сигурно. Патеката кон Трескавец не беше воопшто заморна. Времето беше прекрасно. Дружбата исто така. Не одевме брзо, застанувавме. Одмаравме. Уживавме во природата. По некое време почна да се појавува Манастирот на врвот на планината. Се наговестуваше дека местото има посебен дух. И така беше. Конечно, после 3 саат опуштено движење, пристигнавме. Веднаш Манастирот не маѓепса. Преубав е. Барем јас така го доживеав. Но по реакцијата на другите сите, приметив дека делевме слични емоции кон него. Се сместивме во конаците. Малку одморивме, Јадевме. Неколку луѓе не не фаќаше место. Се упативме кон една карпа таканаречена “лавја глава“. Малку стрмна и за прв поглед висока. Ама ја искачивме. Трудот се исплатеше. Прекрасен поглед. Манастирот од едната страна, а од другата во далечината се гледаше Прилеп. Се вративме назад. Вечерта си направивме мало гезме со салатичкаа и ракиичка и направивме договор да се искачиме утредента на највисокиот врв во таа околина кој се вика “Златоврв“.

Станавме во 7 часот наутро. Се спремивме и тргнавме. Полека се искачивме. Е тоа е тоа. Таму имаше нај најубав поглед на целата околина. Нормално затоа што сепак е највисока точка во околината. Поглед кој те остава без здив. Секој треба да го види. Целиот тој предел. Нема да згреши. Се вративме во Манастирот и појадувавме. Ранците на грб и тргнавме назад. Видовме дека има време и да ги посетиме и “Маркови кули“. Така и направивме. Се качивме горе на нив. Прилеп под нас. Котлина опкружена со планини. Убавини. Секоја чест за тврдината. Се симнавме за да си фатиме воз за назад. Во 14:30 часот беше возот. Гужва огромна. Ама ние си се снајдовме за седење и се сместивме. По патот назад си разменувавме мислење за тоа како си поминавме.

Општиот заклучок беше едногласен: СУПЕР!!!

Јорданчо Кицовски

Слободан Јованоски- Боби, Бранислав Геразов, Искра Геразова

{gallery}akcii/2008/treskavec{/gallery}
Sky Bet by bettingy.com

5°C

Скопје

Делумно облачно

Влажност: 78%

Ветер: 11.27 km/h

  • 10 Дек 2018

    8°C 0°C

  • 11 Дек 2018

    4°C -4°C

clenstvo
Членарината за 2018 година во ПК Македон изнесува 350 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе