Илинска Планина, Кичево 4 - 05.07.2009

На 4 Јули, членови од КПС „Македон„ во соработка со планинарскиот клуб од Кичево на чело со Марјан , учествуваа во акцијата Илинска планина. 

Вечерта, на 4 Јули покрај поројниот дожд се искачивме на Илинска планина во конаците на црквата св. Илија. Благодарејќи на нашиот голем ентузијазам и амбиции да се искачиме до црквата св. Илија, ни требаа рекордни два часа. 

Поради дождот, планинарската опрема ни беше наводенета и требаше да се исушиме. Гостопримливиот чувар ја запали печката и ни помогна да си ја исушиме опремата. Исто така не почести со еден убав планински чај да се стоплиме. Откако се исушивме дел од групата отиде во конаците да спијат, а останатите останаа да се гозбат и веселат со музика. 

Следното утро околу 9 часот и триест минути тргнавме да го искачуваме врвот на Илинска планина. Ни требаа околку два часа да го искачиме врвот одејќи по многу релаксирачка патека со прекрасни глетки. Од врвот се гледа Кичево, Охрид и Охридското езеро. Но, бидејќи имаше магла и времето беше облачно не беше возможно да се види Охрид и Охридското езеро. 

Кога го освоивме врвот, се сликавме и го евидентиравме ова планинарско достигнување. Но, мене ми беше криво што за прв пат се качувам на врв а не успеав да се искачам преку 2.000 метри. Можеби звучи малку амбициозно но сепак прекрасно е чувството кога ке се искачи еден врв колкав и да е. 

На враќање имавме организиран превоз до манастирот Пречиста крај Кичево и отидовме да се помолиме.

Ова патување на Илинска планина навистина беше интересно, особено превозот со комбињата кои беа многу авантуристички и незаборавни. 

Стефан

Sky Bet by bettingy.com

-2°C

Скопје

Облачно

Влажност: 74%

Ветер: 14.48 km/h

  • 03 Јан 2019

    0°C -2°C

  • 04 Јан 2019

    -1°C -3°C

clenstvo
Членарината за 2019 година во ПК Македон изнесува 400 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе