Акција со Лајонси и лицата со оштетен вид

Неколку пати најавуваната „акција“ која требаше да се изведе во сорабока со Лионс Клуб од Скопје најпосле се оствари. Имено договорено беше со заеднички сили да се изведе искачување на планината Водно со лица со оштетен вид и лица кои воопшто не гледаат. Првично требаше тоа да се стори во сабота, но и недела не е лош ден. 

Во 09.30 часот пред Здрушението на слепите се собравме добар број на „водачи“ од КПС „Македон“, претставници од Лионс Клуб и четири нивни штитеници, Коце, Аце, Даниел и Гоце. Така се сместивме во колите и пат под тркала кон Средно Водно.

На Средно Водно се собравме добра екипа од 10 члена на КПС и рака под рака си го фативме асфалтот кон врвот. Темпото само по себе се наметна така да се движевме доста брзо, а веке првата пауза ја направивме под Поштански Дом. Тамо малку се окрепивме, фрливме некое фризби и тргнавме понатамо. 

Бидејки не имаше доста, една група се договори од детското да скршнат кон Матка, а ние неколкумина продолживме кон врвот. Мила, Анета, Анела, Дуле и Макси заедно со групата од Лајонси како и четирите врсни планинари за доста добро време од некојси еден час и 50-тина минути стапнавме на платото од Домот на врвот. Мора да се истакне дека последните половина час ги одевме по кратенките каде што нашите штитеници вистински не изненадија.

На врвот луѓе колку ти душа сака бидејки времето беше прекрасно. За среќа веке не чекаше резервирана маса на која се сместија луѓето и се препуштија во уживање и препуштање на топлото сонце. 

Времето одминуваше полека и дојде време да се тргне назад. Повторно Мила со Коце под рака, Макси со Гоце и --- со Даниел ги газевме метрите надолу. За исто толку кратко време како нагоре така и надолу се симнавме до Средно Воно каде организирано сите со коли повтроно се вративме кон Скопје.

Морам да признам дека по оваа средба и дружење со лицата со оштетен вид, или лицата кои воопшто не гледаат, мојата слика за нив тотално се измени. Тие прекрасни луѓе, кои од било која причина останале без вид, и на некој начин станале хендикепирани во однос на нас останатите, воопшто не се чувствуваат така. Смисолот за хумор и расудувањето лесно може да го збунат секого. Гоце, дечкото со кого се качив и симнав рака под рака, кој видот го загубил пред 6 години, пред пола година стана татко на керкичка воедно и е на постдипломски студии на факултетот за новинарство. На секој начин се бори да зарботи за себе и своето семејство и секојденвно оди на факултет и самостојно се движи по градскиот хаос. Прикаските на Коце и Даниел не ги знам но слушнав дека и тие немаат никакви пробелми во секојдневниот живот. Се однесуваат нормално и истото го очекуваат од нас. Аце има оштетен вид така да е на некој начин во друга положба. Се пофалија дека ја имаат прошетано Македонија долж и попреку и ништо нема да ги сопре тоа и понатаму да го прават.

Во склоп на ова имаше и уште една хумана мисија, а тоа е убедувањето да се истрае до врвот и назад на малиот Филип од страна на „гувернатата“ Анета. И трна од рака малиот Филип да го убеди да не се откаже од одењето иако тоа на накој начин му преставуваше проблемче. Но средувањето на „непријателите“ по пат ни овозможи безбедно да се симнеме. Исто така друштвото на Анела и Дуле придонесе ова да биде едно убаво патешествие. Нека некој не ни замери на Анела и мене, што со одешето боси по асфалтот можеби симнавме еден слој од него, бидејки кога дојдов дома, едно што стапалата ми „гореа“ него и црнилата од асфалтот морав со шпакла да ја вадам. Но вредеше секој метар изгазен на тој асфалт со овие луѓе. Се надевам дека повторно истото ке го изодиме. 

Макси

Sky Bet by bettingy.com
weather

Битола

29°C

Охрид

26°C

Тетово

30°C

Велес

33°C

clenstvo
Членарината за година во ПК Македон изнесува 400 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе