Скопје – Преслап – Мала Река – Китка – Караџица – Мала Река – Скопје

И за оваа акција се зборуваше одамна како акција која би требало да премине во традиција, акција прва по „роденденот“ на Македон. За малку не ќе беше така но упорноста победи.

Како што се договоривме така и бидна, само скроз обратно. Но некогаш и „мала“ промена може да донесе неочекувано задоволство. Нервозата се чувствуваше во воздухот додека нашата мала група сместена во 2 теренски возила полека навлегуваше во пазувите на Китка. А? Ке ме биде за писател, ама нема да го видите тоа. Значи:

По договорот на состанокот на лице место, веќе стана традиционално, (многу „традиции“ употребувам?!) Нова железничка станица се најдовме 7 души во човечки лик, 1 душа во лик на куче – Лана, и две души кои веќе трнаа према Китка, Аце и Марин. Сали, Александра, Даниел, Ема, Анета, Џамбо и ја по „мало“ доцнење и без многу нервоза кинисавме кон Китка, односно Мала Река, мимо протокол како предлог кој беше прифатен со мнозинство гласови, каде требаше да се најдеме со Аце. А наместо 17.30 се тргна во 18.30 и во Мала Река стигнавме околу 20 часот, а и се најдовме со Аце.

Аце како добар домаќин припремил малку салата, не за друго него заради постот а и време е за зелена салата, здраво било. Куќичето убаво. Набрзина се прегрупиравме за да можеме да имаме повеќе време за културно забавен живот. Домаќине, добри гости ти дојдоа ... па и комшии исто така и животот се оддолжи на задоволство на сите. Скоро се зазори кога си рековме Лека ноќ. Сепак помина малку време пак да се поздравиме со Добро утро. А утрото гледано од перспектива на куќата е стварно прекрасно. Убавините на местото и погледот од терасата дојдоа дури утрото во полн сјај. Аце, Аце, алал да ти е! Тука човек може мирно да умре (по едно 100 години). Фантазија. За фантазија во зелено ќе причекаме уште едно недела две. Поглед кон Преслап како да е на 15 минути и поглед на вливот на Мала во Кадина Река никого не го оставија рамнодушен. Мене сигурно не. 

Сега малку за измените во планот. Иако требаше само да се поминие низ Мала Река и да се продолжи директно во домот Караџица, првата измена, договорно, испадна да се преспие во Мала Река и да се одбележи меморијалот на чичко Јосиф кај домот Китка. Не ќе беше во ред кога сме веќе тука да не му се укаже почит на еден прекрасен човек кој својот живот го заврши трагично баш во тој дом. Значи групата од 8 члена со џипови отидовме до Преслап од каде по веќе познатиот пат за едно час пешачење пристигнавме до домот Китка. По кратко време почнаа да пристигаат и други планинари кои пристигаа од разни локации. Мал одмор, малку бањање во кал на душата во кучешки лик со име Лана и збогатени со три нови члена си тргнавме назад кон Мала Река бидејки не чекаше и искачување до домот Караџица.

Во Мала Река не чекаше веќе припремено тавче – гравче, нормално посно, кое го приготви Ема со „кинеските стапчиња“. За возврат и набравме малку од дивиот лук да и се најде во кујната. Гравчето ни даде дополнителна енергија за предстојното пешачење кон Караџица. Тамо тргнавме седморица во 16.30 часот по патот кон Алдинци. Првичната проценка беше дека ќе табаме пат добри 4 - 5 часа, но ненадејно се појави „добриот семариќанин“ кој не упати на една кратенка угоре по карпите, мала зарасната стаза, десно од ливадата и право на џадето. Пишувам како што ни објасни. Е Богами, таа кратенка ни спаси доста време и пат. Фала ти добар човеку. Искочивме кај напуштените викендички на патот кон Бегово Поле и десно до домот Карџица стигнавме за два часа и 35 минути. Во исто време кога стасаа и двата џипа од двете страни, а ние во средина. Опасна ситуација. 

Се пријавивме и се сместивме во собите каде имаше и други планинари. Домот полека се реновира, ставени се нови алу порозори и врати на сите соби и трпезаријата. Не фура промаја веќе. Се фарбаа и гредите во трпезаријата така да малку мирисаше на ... нешто. Дружењето продолжи и во овој дом. Повторно салата во изобилие. Ма имаше и други работи не само салата, но таа е многу здрава и морам да ја споменам пак за младите да знаат.

Тука беше малку „поладно“ така да ноќта беше неопходно да се стави јорган и ќебе преку враќа за спиење. Е овака треба човек да биде покриен ако сака да се направи ЖИВА ВОДА! Нема везе. И таа ноќ помина.

Другото утро по појадокот викан доручек тргнавме во мала прошетка кон Жаба камен и Кадина река. Ништо не испадна од она првото договорено за одење на Солунска Глава или Бегово Поле бидејки над Дуња имаше многу снег, ние помалку време а и капацитет за таква акција. Така во 13.10 тргнавме кон Мала Река но сега преку Алдинци. Вкупно 8 души. Се договоривме стандардно да одиме по стазата низ Алдинци доле до мостот на Кадина Река па нагоре и да се одвоиме кон рибникот. Бидејки одевме малку побрзо го промашивме исклучувањето од главниот пат кон рибникот и моравме да се спуштаме надоле онака диво, ама баш надоле и баш диво. Излеговме на рибникот и по земјаниот пат кој мислам 20 пати го минавме овие денови повторно до Мала Река каде стигнавме по 3 часа и 40 минути убаво одење. Вака – така се собра одење за овие два дена кои мене ми го исполнија животот со уште едно убаво дружење и доживување. Во Мала Река кај Аце повторно салата. Е да бидам искрен во живот толку салата немам испиено, пардон изедено. Тоа со пиењето е друго нешто. Тамо веќе не чекаше и макало, компир, макарони, се фрли и нешто на плотна, така да направивме софра на шала на смеа. А се смеевме, што е право. Расположението ми се подигна како да ме надувал некој. Нема везе, се тоа кај мене го прави планината и доброто друштво зачинето со САЛАТА. Се надевам дека макар еден дел од учесниците во ова наше дружење го делат моето мислење, ако не ... секој има право на свој вкус, мирис и боја. Мое е само да ги „присилам“ да мислат позитивно. Значи чашата е полупуна а не полупразна.

По мое мислење, вака така испадна добро, се поминаа километри пат, се истрошија троа калории и неколку литри пот, во домот Караџица повторно инсталиравме Радио станица за убаво за арно и се надевам дека реновирањето на домот Караџица ке биде на задоволство и на домаќините и на гостите. Патот од Драчево или од Батинци па се до Караџица е катастрофален. 

Ќе потсетам уште еднаш дека посакувам со оваа акција да отпочне уште една традиција која ке го заокружуваи роденденот на ДПС „Македон“. Поздрав и убави желби до сите учесници, а тоа беа, да повторам: Сали, Александра, Даниел, Анета, Аце, Ема, Џамбо, Марин, Верче, Кате, Марио (не супер) и ја.

Маxi

Маxi, Сара

Sky Bet by bettingy.com
weather

Битола

29°C

Охрид

26°C

Тетово

30°C

Велес

33°C

clenstvo
Членарината за година во ПК Македон изнесува 400 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе