Е што убаво беше Кожле - Карабуниште

Еден прекрасен пролетн ден, 04.04.2009, сабота, и една прекрасна планинарска тура. Од Скопје до с. Кожле па преку Вардар до с. Карабуниште, црквата „Света Богородица“ па назад до Кожле. За оваа тура се збореше одамна и со нетрпение се чекаше денот кога ќе се реализира.

Денот беше зацртан уште одамна но никако да го дочекаме. Поготово важен е што ке влезе во календарот на ДПС „Македон“ како прва акција која понатаму како традиционална ќе се организира. И бидна така.

На договореното места пред Нова железничка станица точно во 07.00 часот со три коли како превозни средства и со 9 члена како учесници отпочна овој ден. Мила, Сали (женски први), па Џамбо, Марин, Аце, Миле, Даниел, Дуле и Макси како членови и Југо, Џип и Ауди како превозни средства тргнаа кон Катланово. Во с. Кожле стигнавме околу 07.55 и по добро познатата стаза надвор тргнавме од селото. Како што реков време прекрасно, стазата исто така, а за глетката која се простира немам зборови. Ма кога си со добро друштво се ти е некако наштимувано. Околу 08.30 застанавме на една карпа која како создадена за одмор и уживање ни пружаше погледот кон манастирот Св. Јован од една и кон течението на реката Вардар од друга страна. Зелената боја доминираше така да тоа прав мелем за очи. 

По околу 15 минути тргнавме кон с. Карабуниште кое го гледавме од друга страна на долината. Стазата не движеше низ убава зимзелена шумичка така да сите мирисавме на „пино силвестре“. Како во добрите стари времиња, шта да ти причам. По 20 - минутно пешачење дојдовме пред висечкиот мост на Вардар. Мост направен од дрвени греди, 5 железни сајли и дрвени даски. По својата конструкција делуваше доста сигурно но климаво. Нормално пошто виси. Вардар, машала го имаше доста. Преку мостот опрезно еден по еден. Пред мене Џамбо (незнам зошто го викаат Џамбо?) малку го легна мостот и уште требаше да за заниша па да ме сврти наопаку. Ма супер беше. 

Од другата страна по пругата па покрај железничката станица „Пчиња“ поминавме покрај една куќа на чија тераса има една доообра женска во мантил и топ во дворот, опомена за оние што ја гледаат. Се испостави дека женската е пластична и ги збунува машиновозачите. Не е ни чудо што после возовите ни каснат или утнуваат пруги. Десно по стазата почнавме да се искачуваме кон с. Карабуниште. На пола пат кон селото наидовме на мал но убав водопад кој го искористивме да не ни ја разубави групната фотка. Да не беа девојчињава и водопадот сликата ќе беше јадна. Вака може да се фалилиме дека бевме сите на купче. 

Во 09.45 веке бевме пред портите на манастирот Св. Ѓорѓи. Комплекс од стари куќи и црвка со камбана навистина на човекот може да му пружат незамислен мир и спокој. Чешмичка, трпезарија, трева, клупи и цвекиња... и ние. Малку пауза и продолживме кон с. Карабуниште. Џамбо остана да ни држи заветрина и да спреми некоја салата за зорт аман. И како што Дуле вети за 20-тина минути стигнавме пред селото. Мало село со некој жител, кој знае дали некој тамо живее постојано, едно магаре, едно убаво куче и сандаци за пчели. Сред село чешма со убава вода и мала лединка со некој див магдонос и штавељ. Си набрав малку за дома да се „исперам“ за денот. Сакавме да земеме и некоја тегла мед но за жал слаба паша минатата година. Им посакуваме подобра оваа година па и ние да се засладиме.

Назад Џамбо не не дочека како што се договоривме па набрзина се прегрупиравме и со нова стратегија салата и останати марифети да ги реализираме кај црвката Св. Богородица. Назад пак покрај убавиот водопад, добрата женска и топот, малите кученца (возот ни кидна, иако не го чекавме) па преку мостот назад. За жал никој повторно не падна од мостот. Значи не беше интересно. Кучињата кај куќата под автопатот беа врзани, така да од толку лаење ми се чини дека и петелот и мисирките лаеа. За кравите не сум сигурен, ама глава ме заболе. Ма може главата ме заболе и од кашчање поради бубачки кои како камикази ми улетуваа во уста. Бар внесов протеини доволно за тој ден. Бјак.

Во 12.20 стигнавме кај црвата Св. Богородица и веднаш се фативме за работа. Леле колку се луѓето брзи кога се работи за јадење и така нешто друго попат. Мајстор Сали се покажа со пичурките, Аце со таратурот и салатата од пченка и туна, Џамбо со зелената салата и краставиците и мноооогу многу сол. Кај го најде бе човек! Од таа морска сол во гранули некој помисли дека салатата не е воопшто измиена и дека има песок!? Се тоа беше надополнето со водата и ... ај да не се лажеме, не сме деца, малку ракика и винце. Домаќинот, Спасе, кој се најде тука ни пружи све што ни требаше а ние не го носевме. Фали ти Спасе. Се испостави дека кучињата и кокошките што лаева се негови. Добро е што ги врзал, инаку навечер ги пушта да бркаат несакани посетители. 

По добар оброк и муабет редно е малку да се прилегне, така да тревата и клупите завршија голема работа. Ма не е тоа поради ништо друго него поради топлото време и сонцето кое не успиваше. Посетата на манастирот Св, Јован од другата страна на автопатот ја оставивме за друг пат што ке биде скоро и тоа сигурно.

Како што се договоривме пред да ги „фатиме“ клупите, во 15.15 тргнавме назад. Над црвата која со дел е во карпа малку по малку повторно стигнавме до карпата од која се пружа убав поглед и назад кон с. Кожле. Неможевме да го одминеме Денко кој тој ден во работна акција дигаше покривот на идната „куќа“ за која ни рече дека во одреден период може да послужи и како планинарски дом!? Те држиме за збор Денко! И од кај него правец дома. 

Е па не е баш така. Требаше едно опраштајно седење па се да биде комплет. Во с. Јурумлери од никаде искрсна баш едно такво гранапче со настрешница, убава, дрвена, со фрижидер внатре ... па и кикирики некој оставил на маса. Е што среќа имавме. 

Доста зборев. Лично јас бев одушевен од оваа релексирачка тура која се надевам дека многу скоро ке ја повторам. Му се извинувам на Дуле што го „умрев“ зборувајки му колку е супер маршрутата и кај е стазата за анатените (тоа беше онака да се нервира малку). Фала им на сите членови на убавото друштво и дружење. И добро е што ова влегува во календарот за традиционални акции на ДПС „Македон“ како прва акција. 

Маxi

Sky Bet by bettingy.com
weather

Битола

29°C

Охрид

26°C

Тетово

30°C

Велес

33°C

clenstvo
Членарината за година во ПК Македон изнесува 400 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе