ПА ШТО АКО Е ВОДНО?!

Пишуваме за акции на брда, гори и планини, а го забораваме оно што ни е на метар до дома. Па Водно бре, сигурно. Како да ни е срам да кажеме дека сме го освоиле и овој врв по јубиларен 1066 – ти пат.

Да бидам искрен, скоро никаде не ми е толку убаво него кога по напорен работен ден или за некои и напорна работна недела ке ги запалам кондурите и му ги фатам стазичките кон врвот. А стази колку ти душа сака, ја од Кисела Вода, ја од Пржино, ја од полицијата, Капиштец, Трднодол или Жданец...бела, плава, црвена, „Цветкога“, „Маркова“ ... ова се некои од главните фолдери, а тек колку подфолдери има ... ихааа. И колку и да ги табам овие патишта, никогаш не ми е досадно. 

Оние вистиските вљубеници во природата кои можеби и немаат одвише време да ја фатат по два – три дена некаде подалеку, својата потреба сигурно ја задоволуваат на ова прекрасно брдо. 1066 метри над морето може и не е некоја висина, но кога ке дојдеш тамо, па кога ке ти се погоди времето, отвори погледот ... е то је оно што наше коке ... разбирате. За таа толку голема убавина толку малку време е потребно. Лето или зима, се едно. А колку може да биде убаво во зима, некој неможе ни да сонува за тоа. А покрај домот и купот антени и предаватели врвот однеодамна е збогатен со еден гооолем јарбол на кој гордо ...„се вее, ново соонце на слободата“... Знаме во огромни димензии, кое и од Скопје се гледа, но перспективата директно од под него е поубава. Повеличествено сигурно.

Во очите на обичните „смртници“, кои од било која причина или заблуда дека тоа е толку високо и далеку не се искачиле ниту еднаш, ние што сме секогаш горе, им изгледаме како Супермени. Но кога инаетот ќе им проработи и кога ќе го направат тој прв чекот, за нив веќе нема спас. Стануваат зависни и навлечени на едно прекрасно доживување кое тешко ќе го исчистат од вените. Во овој контекст морам да ја спомнам мојата драга бивша колешка Софче, која подлегна на моите убедувања и која со своето друштво веке 7 години нема пропуштено недела а да не се искачат горе. А врвот и изгледаше толку дааалеку. Многу ми е мило за нив. Мило ми е што ја сум еден од многумината кои успеале со едно досадно опишување на убавините на планината да навлечат макар еден, а и тој подоцна повлекол уште еден. Страшна прогресија која се гледа преку бројот на луѓето кои ги среќаваме качувајки се или симнувајки се надолу со незадолжителоното но неодминливото – здраво. Тука сите сме пријатели.

Ма не е финтата обавезително да се иде до врвот. Има толку прекрасно места кои се пониско, каде човек може едноставно само да седне или да си подлегне, да ја слуша тишината додека на небото ги распознава облиците на лица или животинки кои како жив калеидоскот облаците ги трансформираат на небото. Еееее. Отидов ја. Забегав. Расентименталисаше ми се осеќања. Уф. Кад је то било? Па Марково Крувче...

Зависно од тоа дали на некое шетање си сам или со друштво, сигурно има многу за кажување. Убави, а и оние помалку убави работи. Не би навлегувал во тоа. Секој си има своја приказна за Водно и би ми било драго кога некој кој бил на оваа прекрасна планина, додека го чита ова, се присети на некој миг кој сигурно нема лесно да го заборави, се поднасмее малку и закаже уште едно ново качување.

Се гледаме викендов горе, нели. Во 9 на старо место. За горе носиме вообичаено нели? Ај здраво. 

...И ОВА ГО ИМА

Па денес ми тргна нешто пишувањето. Стигна директива директно од врвот. Срамота е една традиција која трае од минатот лето да не се спомене. Имено во тек на неделата, обично вторник или четврток, една група членови на ова младо друшто се празни со ноќно качување на Водно. Веке подолго време заговарав да се оствари нешто вакво и мене особено задовлство ми пружа баш поради тоа. Во задно време групата брои околу 3 – 4 луѓе (Сали, Ана, Џамбо и ја) кои неможе да ги пишмани ниту ветер, ниту магла, ниту дожд (замалку ќе кажев сонце и ке се издадев ха ха ха). На некои не им одговара термин, некои се качуваат на карпи, некои спијат но во секој случај не сме обесхрабрени бидејки се појави уште една искра – Искра, која е расположена да не дружи. Браво Искра. Ма како што реков, кој еднаш го осети убавото од Водно и навечер, не се трга лесно. 

Хендикеп е што, барем јас, немам некој добар апарат да ги доловам преку објектив убавините на мојот град кој во ведрите ноќи кога не ни треба челна батерија ни открива каде се троши електричната енергија. Распространет по скопската котлина со околните села на Скопска Црна Гора се до рафинеријата пружа незаборавна глетка од милион светулки (во ноќта, а?). Е кога е магла, тогаш не е баш нешто за гледање подалеку од 2 – 3 метри, но и тоа е корисно да се проба. Добро е што знаеш дека домот е се уште горе, на врвот, дека може да седнеш на клупите да се одмориш малку, нормално да се пресоблечеш и полека назад. И ова качување навечер си има своја убавина. А за Крстот како изгледа од таа перспектива и осветлен во темнината не треба ни да се зборува, само треба да се доживее.

Си го фалам Водно како да е само мое, а можеби така и си го доживувам. Затоа и ве поканувам сите на едно вакво качување, барем еднаш да го почувстувате тоа навечер па да правиме муабет. Сите сте добредојдени на некоја од стазите.

Макси

Макси & friends

Sky Bet by bettingy.com
weather

Битола

29°C

Охрид

26°C

Тетово

30°C

Велес

34°C

clenstvo
Членарината за година во ПК Македон изнесува 400 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе