Предупредување

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/makedonm/public_html/images/akcii/2010/babinsrtnoemvri2010

Забелешка

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/akcii/2010/babinsrtnoemvri2010

Планина Стогово, врв Бабин срт – 2245м

Тргнавме во сабота сабајле со возот во 7часот, Искра, Макси, Петар, Жаки, Лиле, Мартин и јас. Патувавме околу 2 часа. На станицата во Кичево трпеливо не чекаше Мистер Роко Мароко, а веднаш од другата страна на железничката Гига ни чуваше место во ресторанот-трафика. 

Иако магла не следеше, уште кога тргнавме од Скопје, си почнавме според договорената агенда. 

Саботата беше предвидена за прошетка до Крушино, Кнешино и низ Кичево. На патот кон Крушино и Кнежино одевме низ прекрасна букова шума на планината Бистра. По патот нагоре се отвори небото и не поздрави сонцето, а и во градот маглата полека исчезнуваше. Во Крушино имаше една голема нива со расад воглавно за дрвца. Во Кежино го посетивме хотелот “Куќа на уметноста“. Иако не работеше, чуварот не пушти да ги видиме делата оставени од уметниците кои биле дел од ликовните колонии кои се имаат одржувано таму. На враќање отидовме до манастирот Св.Ѓорѓија - убаво мало манастирче со голем среден конак и света вода. За околу 4 часа се вративме повторно на железничката станица и тргнавме кон Кичевско кале. Прекрасна алеа на великаните која иако со искосена трева малку беше запоставена.

Пред да тргнеме за село Ехлоец, каде требаше да ја поминеме ноќта, домаќините не однесоа во ресторанот Александрија. 

По ручекот не собраа со бело комбе  и не однесоа во селото. Во селото не пречекаат баба Морфа и дедо Предраг и ко свои внуци не прибраа в куќи. Почнаа да не гостат со прекрасни круши, јаболка, топло домашно лепче, пита, козјо сирење и што ли уште не. Иако бевме ручани пред половина час неможевме да и одолееме на прекрасната трпеза (само кога ќе помислам, лиги ми течат). По забавата што ни ја приреди дедо Предраг со неговите интересни епитети за женскиот пол со насмевки на лицата си легнавме да спиеме. Вечерта ни се придружи и Бобан, а утрото и Дарко, Тале и Благоја.

Утредента, во 7часот, тргнавме кон нашата цел – Бабин срт. Патот беше прилично благ освен на едно место низ шумата и пред врвот. Единствени потешкотии ни задаваше калта која ја имаше на голем дел од патот. Се качувавме цели 6 саати. Времето не послужи и сонцето постојано не следеше. На врвот дуваше многу силно па по направената фото сесија се симнавме во завет на заслужена пауза. По враќањето во селото си ги собравме работите од куќата на баба Морфа и дедо Предраг, не исратија и тргнавме со белото комбе кон железничката станица. 

Се качивме на возот во 19часот. По направените стратегии за фаќање купе успеавме да се прибереме во едно и достоинствено да го поминеме патот кон Скопје. 

Ивана

{gallery}akcii/2010/babinsrtnoemvri2010{/gallery}
Sky Bet by bettingy.com

4°C

Скопје

Облачно

Влажност: 82%

Ветер: 4.83 km/h

  • 17 Ноe 2018

    6°C 2°C

  • 18 Ноe 2018

    5°C 0°C

clenstvo
Членарината за 2018 година во ПК Македон изнесува 350 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе