ЛЕШНИЦА 02.08.2010

По повод националниот празник на Република Македонија, 02.август, во организација на ПД „Љуботен“ од Тетово и оваа година е одржан традиционалниот марш од Попова Шапка преку Горна и Долна Лешница и назад кон Попова Шапка.

Уредно поканети љубезно одговоривме на овој настан и како екипа од три члена на КПД „Македон“ со едно возило точно во 07.00 часот се пријавивме кај домаќините во нивниот дом на Попова Шапка. Колку што можев во тој момент да избројам вкупно околу 40-тина планинари во 07.10 часот се упативме кон насочените места. Иако малкубројни, ја држевме под контрола ситуацијата на терен константно. Зеленилото на Шара ги опчини сите кои се најдоа на тој терен. Боровинки колку ти душа сака.

По околу час и половина дојдовме до бачилото пад патот од каде лево по маркирана патека се упативме кон Горна Лешница. Кучето кое со нас тргна од стартот се најде во небрано кога од бачилото му се пуштија 4-5 кучиња, но успеа да ги стави под свое така да заедно се играа на лединката како да се знаат цел век. Но бидејќи е тоа најверен пријател на човекот, ги „откачи“ новопечените компањони и повторно ни се придружи по патеките.

Бидејќи по овој терен се движев по прв пат, а за него сум слушал безброј пати, се сложувам со се она што е кажано. Прекрасно. Погледот кон Титов Врв од оваа страна, пониско за „само“ 700-тини метри е навистина преубав. Пред нас здивот ни го одзема погледот кон карпата од „средниот врв“ како што го викаат домаќините. Меѓутоа како што тргнавме по течението на реката така и перспективата кон оваа карпа се менуваше од миг во миг. Времето ни одеше од рака така да ниту осетивме кога навлеговме во шумовититот предел на Горна Лишница. Каде и да го свртевме погледот останувавме без здив. Пределот се менуваше како што се движевме надолу кон Долна Лешница, каде што пристигнавме околу 11 часот. Значи пешачење од некојси 4 часа кои воопшто не ги почувстувавме.

Долна Лешница .... шума, мала чистина и река. Место од каде почнува Пена. Река во која неможеш да бидеш повеќе од минута две. Чиста како солза. Пак ќе речам прекрасно. Единство болно ми беше погледот кон руините од трите објекти кои порано го красеа ова место и кои влеваа малку повеќе самодоверба и сигурност за секој посетител овде.

Со агендата на домаќините следно на ред беше посета на кадите на Кривошиска река кои се наоѓаат низводно на околу 20-тина минути од Долна Лешница. Водачот, воедно и претседател на КП „Љуботен“, Иван, без ронка сомнеж не „протна“ низ грмушките до место од каде оваа мала река добива друга димензија. Водопадите но посебно кадите, исклесани во карпа каде водата во облик на водопад паѓа во базен во кој неверувам некој дека би се избањал. Глетката беше неверојатна. Играта на светлината низ тесниот отвор, сјајот на сонцето во водата како и прашината од водата треба само да се види. Благодарејќи на некои љубители на природата кои сакале оваа убавина и други да видат направен е мост преку кој се влегува во оваа камена одаја во која неможе да застанат повеќе од 5-6 души. Назад по истиот пат до Долна Лешница со уште малку време за појадок и во 14 часот тргнавме назад кон Попова Шапка но по широкиот земјан пат. Патот како створен за љубителите на планински велосипедизам. Уште одма ставивме императив и со велосипеди да го изминеме овој пат да го повториме уживањето од друг агол. Сепак за опасностите од лавини не потсетија 3-4 места од „разголени“ падини кои беа на пат на оваа стихија.

На околу еден час пешачење по патот наидовме на малку чуден призор – десетици извори на вода од карпи. Водата добро ни дојде така да со оваа глетка уживањето во освежувањето беше целосно. Продолживме по патот и на појдовно – крајното место стигнавме во 17.00 часот каде не чекаше чашка убава ракија, мезенце и гравче кое едноставно се нудеше како репете.

На оваа тура присутни беа Петар, Дејан и ја (Макси) како почесни членови на КПС „Македон“. Им се заблагодаруваме на домаќините за одлично организираната тура, пределите кои ни ги прикажаа одејќи по две различни стази и им посакуваме уште мнооогу традиционални години на оваа манифестација.

За многу прекрасни места во оваа прекрасна земја честопати се вика дека е како во Швајцарија. Не би се сложил со тоа бидејќи Македонија е прекрасна како Македонија и не би требело да се споредува со други земји. Секоја си е убава на свој начин, а мене мојата ми е најубава и на сите љубители на ваков вид убавина им сугерирам повеќе шетање и запознавање на својата земја на овој начин и сигурно повеќе ќе си ја сакаат. На оваа тура сигурно ќе се навратам во скоро време. Не рачунајќи ги пропратните проблемчиња во облик на болки во колена или пак други чешкасти појави, се помина во најдобар ред.

Е, и ова е Македонија ...

Макси

Макси, Петар, Тоше и Иван

Sky Bet by bettingy.com

-2°C

Скопје

Облачно

Влажност: 74%

Ветер: 14.48 km/h

  • 03 Јан 2019

    0°C -2°C

  • 04 Јан 2019

    -1°C -3°C

clenstvo
Членарината за 2019 година во ПК Македон изнесува 400 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе