21-ви традиционален марш "Димитар Илиевски - Мурато"

Група од тројца планинари од КПС "Македон", Јас (Дејан), Дуле и Виктор, во петокот на 07.05.2010 се собравме на зборното место. Тоа беше железничката станица во Скопје, од каде што во 18:30 часот го “фативме” возот за Битола. Околу 22:30 стигнавме во Битола и се сместивме кај мене дома.

Следниот ден (сабота, 08.05.2010), рано наутро околу 05:15 со такси се упативме кон Пелистер, до паркингот пред хотелот “Молика”. Од тука, во 05:35 часот, се упативме низ моликовата шума до планинарскиот дом на Копанки. Таму се сретнавме со тукушто разбудените планинари кои што биле сместени во планинарскиот дом и во шаторите пред истиот.

Во 06:00 часот тргнавме да го освоиме врвот. Се упативме по патеката по камењарот, која што оди по гребенот преку врвовите “Стив” и “Илинден” се до врвот “Пелистер”. Искачувањето се одвиваше под тешки услови. На почетокот не следеше ситен дожд, а потоа почна да врне и снег. Карпите се лизгаа и потребно беше големо внимание и претпазливост. Само што излеговме на гребенот, почна да врне замрзнат дожд и да дува силен ветер. Покрај ова, маглата не следеше во текот на целото искачување. Во 08:45 часот КПС "Македон" беше на врвот. Во објектот на врвот, организаторите не послужија со прекрасен топол чај. Направивме неколку фотографии, но поради лошото време неможевме да се задржиме подолго.

Тргнавме да се спуштаме по официјалната патека на маршот. Надолу по патот се сретнавме со планинари од повеќе планинарски друштва кои што се искачуваат према врвот. Како што слегувавме се сретнавме со уште една екипа од КПС "Македон". Се сретнавме со Ели, Дејан (со кученцето) и Цаци. Само што се спуштивме кај ловечката куќа, времето се расчисти. Тоа е тоа, к’смет. Пристигнавме во Копанки, каде што не чекаше планинарското гравче.

Дејан Атанасов

Sky Bet by bettingy.com

-2°C

Скопје

Облачно

Влажност: 74%

Ветер: 14.48 km/h

  • 03 Јан 2019

    0°C -2°C

  • 04 Јан 2019

    -1°C -3°C

clenstvo
Членарината за 2019 година во ПК Македон изнесува 400 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе