Искачување на Љуботен по повод : Денот на ослободувањето на Скопје - 13.11.2011

По повод денот на ослободуањето на Скопје, ПК "Трансверзалец" и ПК "18 Август", се одржa второт по ред, а се надевам ќе стане традиционално, искачување на врвот Љуботен на Шар Планина. Како клуб од Скопје, со радост се приклучивме кон оваа манифестација со скромен придонес и учество на 13 наши членови. Бојан како организатор, не собра во едно комбе и една кола, така што на стартот бевме: Макси, Ана, Лина, Дејан БТ, Мила, Зоки, Зоки - Ханс, Бојан, Дуле - Шулц, Дарко, Димац, Емилија Белопета и Алек.

Алпи 2011

Акцијата “Алпи 2011“ започна на 12.07.2011 кога во попладневните часови го напуштивме Скопје во четиричлен состав (Алек, Дарко, Атанас и Вики) и тргнавме на долга авантура во Италија и Франција. Нашата прва станица наредното утро беше градот Копер на словеченкото приморје од каде ни се приклучи и Андреј, петтиот член на нашата екипа, по што продолживме кон Алања (прекрасно село во Италија сместено во подножјето на Алпите на 1100 мнв). 

Осогово: Руен (2525) и Царев врв (2085)

На 24.05.2011 (вторник), КПС "Македон" изведе еднодневна планинарска акција на планината Осогово. На акцијата учествуваа осум членови од клубот: Виктор, Дуле, Иван, Ирена, Дејан, Аце, Диме и Алек.

Шар планина: Кобилица(2528) и Црн врв (2585)

На 15.05.2011 (недела) група од пет планинари од КПС "Македон", Дуле, Мартин, Иван, Дејан и Диме, се искачивме на Кобилица и на Црн врв. Стартот беше од село Бродец, прво се искачивме на Кобилица, а потоа и на Црн врв.

Мурато, мај 2011

Од 7 до 9 мај 2011 г. група планинари од КПС „Македон“ (Алек, Петар, Александра, Боби, Катерина, Даре, Аце и Искра Д.) учествуваа на традиционалниот марш посветен на Димитар Илиевски – Мурато кој оваа година се одржа по 22-ри пат. 

Попова Шапка – Боговињско Езеро – врв Бориславец и обратно

ДАТУМ : 06.11.2011 ГОДИНА ДЕН : НЕДЕЛА
ЛОКАЦИЈА : ШАР ПЛАНИНА
ПРЕВОЗ : СОПСТВЕН (НА ПЕТАР ИВАНОВСКИ)
БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ : 5
УЧЕСНИЦИ : ДУШКО ХРИСТОВ, ПЕТАР ИВАНОВСКИ, ДИМИТАР ПАВЛОВСКИ, ДАРКО ЈАНЕВСКИ И МАРЈАН ЖИВАНОВИЌ
ДОЛЖИНА НА ТРАСАТА : 32.6 КМ
ВРЕМЕ НА ДВИЖЕЊЕ : 12 ЧАСА И 45 МИНУТИ (ОД 06.50 – 16.35)
НАДМОРСКА ВИСОЧИНА: НА СТАРТ 1802 мнв, БОГОВИЊСКО ЕЗЕРО 1954 мнв, НА ВРВ БОРИСЛАВЕЦ 2683 мнв
ВРЕМЕ: НА СТАРТ УМЕРЕНО ОБЛАЧНО, А ПОДОЦНА СОНЧЕВО И ТОПЛО, НА ВРАЌАЊЕ ВЕДРО СО МЕСЕЧИНА

Пелистер – Брајчино (10.6.2011 – 12.6.2011)

10.6.2011 

Се започна во петок (10.6.2011) наутро, во 6 часот. Тргнавме од пред Олимписки базен, 16 луѓе со 4 коли. Учесниците беа: Јас (Мартин), Бојан, Мила, Лина, Аце, Дуле, Петар, Диме, Кате, Никола, Николче и жена му Верче и уште четири особи кои не беа членови на Македон. Патувавме со 4 коли по патот.

Караџица - Солунска глава 21-22.05.2011

На 21 и 22 мај 2011 година, група од 14 планинари од КПС "Македон" изведовме дводневна планинарска акција. Акцијата беше поделена на два дела, едниот дел беше одење до планинарско дом Караџица, а другиот дел до Солунска глава.

Рафтинг на Тара

Продолжениот викенд кој почнуваше со баксуз ден петок 13, 14, 15 и 16 мај, една храбра девојка, Мила, и шест машки, Јас (Бојан), Мартин, Даре, Игор, Петар, и Даме (кој не е член на КПС Македон, меѓутоа одлично се вклопи) решивме да го искористиме за покачување на адреналинот.

ВЕЛОСИПЕДСКА ТУРА

С. Клечовце (кумановско) – с. Коњух – па кон Куклици (кратовско)

Активностите на членовите на КПС „Македон“ се шират и на други полиња освен на планинарењето. Така овој викенд една група уживаше во рафтингот на реката Тара, а една помала група со велосипеди ја истражуваше историјата на кумановскиот регион. 


Notice: Undefined variable: app in /home/makedonm/public_html/templates/yoo_avenue/warp/systems/joomla/layouts/pagination.php on line 12

Notice: Trying to get property of non-object in /home/makedonm/public_html/templates/yoo_avenue/warp/systems/joomla/layouts/pagination.php on line 12
Sky Bet by bettingy.com

8°C

Скопје

Претежно облачно

Влажност: 68%

Ветер: 9.66 km/h

  • 10 Дек 2018

    8°C 0°C

  • 11 Дек 2018

    4°C -4°C

clenstvo
Членарината за 2018 година во ПК Македон изнесува 350 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе