Предупредување

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/makedonm/public_html/images/akcii/2012/livadicki04112012

Забелешка

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/akcii/2012/livadicki04112012

Ливадички Врв 04.11.2012

Учесници : 8 члена (Оле, Дуле - Шулц, Лина, Николчо, Александра, Марија, Ивана и Макси)
Превоз – сопствен
Временски услови – одлични
Време за искачување – 5 часа
Време за симнување - 3 часа и 30 мин.
Должина 23 км.

Со две коли, од Скопје кон Старо Село трнавме во 06.50 часот.

На влезот во Старо Село не дочека малиот “лав”, кој ни го препречи патот и како да бараше дозвола за понатаму. Од селото кон крајната дестинација - Ливадички Врв тргнавме во 07.50 час. Времето беше доста топло, така што оние кои беа облечени доста топло, мораа да се раслојуваат пополека.

Нема човек кој останува рамнодушен шетајки по планините и шумите во есенските денови. Бои какви не може ни да се замислат. А Шара е шампион за тоа. Задолжителни беа застанувањата на специфични места, како за уживање, така и за фаќање по некоја фотка.

Патеката кон Ливадички Врв продолжува право од главниот (широкиот) пат на второто двоење надесно од главниот пат. Оттука, исто така по убава и широка патека до преминот преку Вратничка Река потребно е околу 20-тина минути.

Иако патеката не е маркирана, нема никакви проблеми да се стигне до бачилото лоцирано веднаш на самиот излез од шумата.

Пред бачилото не пречека лаење на кучиња, што е нормално, но во овој случај тоа беа две млади бели шарпланинчиња, братче и сестриче, кои веднаш почнаа да ни се умилкуваат.

Овчарите и овците веќе беа негде по пасиштата, така што ненајавени дојдовме до бачилото да се одмориме и да доручкуваме. Бачилото мало, но убаво средено внатре, каде се засолнивме од благиот дожд што заврна накратко. Следејки ја стазата тргнавме нагоре, при што не може а да не се спомене погледот кон вртот Љуботен, гледан од оваа перспектива.

Прекрасно. По теренот прекриен со трева, имавме доста опции за движење кон Ливадички Врв. Едни се одлучија за искачување на сртот кој доаѓа од Љуботен, а други по изохипса кон карпата пред Ливадички. При излезот кај карпата, од другата страна на сртот, се отвара поглед кон Ливадичко Езеро.

Околу него се уште имаше траги од снегот, кој неодамна падна, а веќе на оваа висина и ние ја имавме честа да газиме по него. За нас, првиот овогодишен снег, иако го имаше малку. На врвот, едната група стигна оклу 13.40 часот.

На оваа група и не и се погоди времето, ладен ветер, а Сонцето се скри зад темните облаци. Мала фото сесија, ја пречекуваме втората група, и се симнавме малку подоле да побараме некоја заветрина за раат ручек. Пак Сонцето малку не огреа, но сепак, ноември е, 2.400 и кусур метри над морето, ладно беше.

Можеби затоа што направивме подолга пауза и самите се оладивме, но вредеше уживање на оваа височина и со поглед во бескрај.

За да фатиме што повеќе од симнувањето по дневна светлина, назад тргнавме во 15.00 час. и кај бачилото бевме во 17.00 час. Овците веќе беа во трлото, кучињата го најавија нашето доаѓање, а овчарите беа збунети од прапорците кои ги носевме со себе, па мислеа дека изгубиле некоја овца. Од тука надоле, со челни лампи, до колите кај Старо Село ни требаше малку повеќе од час и половина.

Некако во текот на одењето, Дуле – Шулц спомна мирис и вкус на шарска плескавица од манастирсткиот комплекс во с. Лешок. Нам и толку ни требаше, па веднаш се договоривме каде да ја завршиме оваа убава тура. Во Скопје стигнавме околу 22.30 часот. Сите членови беа задоволни од она што го поминавме и од она што го видоа (ај да не кажам и од она што го изедоа), така што оваа дестинација дојде добро за малку промена од веќе стандардните искачувања од Старо Село кон Љуботен. Благодарност кон сите оние кои логистички, со информации за оваа патека ни ја опишаа рутата (Димац и Трајче Панковски), така што ние сега ја препорачуваме на сите оние кои шетаат по овој предел.

Макси

Макси

{gallery}akcii/2012/livadicki04112012{/gallery}

Sky Bet by bettingy.com

-4°C

Скопје

Чисто

Влажност: 87%

Ветер: 6.44 km/h

  • 12 Дек 2018

    3°C -4°C

  • 13 Дек 2018

    1°C -3°C

clenstvo
Членарината за 2018 година во ПК Македон изнесува 350 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе