Предупредување

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/makedonm/public_html/images/akcii/2012/ilinska102012

Забелешка

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/akcii/2012/ilinska102012

Илинска планина - врв Лиска (1.908 м.н.в.) 13–14.10.2012

Утрото, членовите на ПК “Македон“ - Кате, Даре, Оле, Лина, Анета, Цаци, Тања, Аце, Боби, Верче, Николчо со дечињата Бојан и Михаил и јас (Ана), сe упативме кон Илинска планина. Појдовме во 8 часот од Скопје и со една пауза на Стража и една за познатите питулици во Кичево, пристигнавме до црн пат, долг околу 9 км, но добро тампониран. Тој пат води до самиот манастир, кој е посветен на Св. Илија (1.525 м.н.в), сместен на падините на Илинска планина, од јужната страна на Кичевската котлина. Оваа планина е една од најстарите на Балканскиот Полуостров, а името го добила по пророкот Илија.

Кај манастирот пристигнавме околу 12 час., се сместивме во конаците каде што нè пречека домаќинот, кој цело време се грижешеда ни биде пријатно, а по кратка кафе пауза, дел од нас тргнавме накај врвот Лиска (1.908 м.н.в).

Планината е богата со шуми, пасишта, најразновидни растенија, кои со својата палета на есенски бои изгледаа навистина прекрасно, а исто така, има извори на ладна планинска вода (во самото подножје на Илинска планина извира Црна Река). Како што се движевме нагоре, сè повеќе наѕираше Охридското Езеро.

Времето беше одлично и со средно темпо на движење, стигнавме на врвот нешто пред 15 часот. Од самиот врв јасно се гледаат и Охридското и Преспанското Езеро.

Поради силниот ветер не се задржавме долго на врвот и се вративме во конаците, каде што не пречекаа останатите, веќе подготвени за забава, со богата трпеза на која имаше разновидни јадења, свежо набрани печурки и незаменливиот Боби на гитара.

Вечерта се спушти магла и почна да врне, а така продолжи и наредниот ден, па неделата на 14-ти останавме кај конаците со топло чајче, партија јамб и кратки прошети во околината.

Во 16 часот тргнавме кон Скопје. Се разбира, застанавме на Стража за мекици :), а дома пристигнавме околу 19 часот.

Турата и дружбата беа навистина одлични. Акцијата беше од лесен тип, бидејќи патеката е доста блага, а се искачуваат околу 400 метри и секој што има желба може да ја искачи.

Им благодарам на сите што беа присутни за доброто расположение и прекрасната дружба што ја овозможија тој викенд. Се надевам, наскоро пак.

Ана

Верче, Николчо и Даре

{gallery}akcii/2012/ilinska102012{/gallery}

Sky Bet by bettingy.com

-3°C

Скопје

Чисто

Влажност: 85%

Ветер: 8.05 km/h

  • 12 Дек 2018

    3°C -4°C

  • 13 Дек 2018

    1°C -4°C

clenstvo
Членарината за 2018 година во ПК Македон изнесува 350 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе