Предупредување

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/makedonm/public_html/images/akcii/2012/karadzica122012

Забелешка

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/akcii/2012/karadzica122012

Кампување на Караџица 22-23.12.2012

Втор викенд по ред одлучуваме да логоруваме на поголема надморска височина, а овој пат, одлуката падна тоа да биде на падините на Караџица. Поради обврски на дел од групата во саботата појдовме нешто подоцна, околу 12 часот, во состав: Аце, Петар, Боби и Алек. Колата ја оставивме во селото Патишка Река од каде во 13:20 часот натоварени со доста опрема и големи ранци се упативме кон висорамнината под Остри Врв, каде требаше да ги поставиме нашите шатори.

Поголем дел од рутата ја поминавме низ облаци, движејќи се со солидно темпо. Нешто пред 16 часот излеговме на сртот над шумата на околу 1.850 м.н.в. Во тој момент ни се отвори величенствена глетка: под нас море од облаци, над нас сино небо и последните сончеви зраци, а пред нас Шар Планина, прекриена со снег и во полн сјај.

Направивме неколку фотографии и брзо продолживме понатаму, студеното време и ветерот на сртот не ни дозволуваа премногу да уживаме во пејсажот. Стасавме до бачилото под гребенот на Остри Врв и ги поставивме шаторите. Остатокот од времето го поминавме во топење снег, готвење вечера и подготовка на специјалитетот на куќата: греано вино со цимет. И покрај тоа што бевме соодветно опремени, знаевме дека не чека долга и студена ноќ, со температура можеби под -15 ˚С и дека секое принудно напуштање на шаторот во текот на ноќта би било вистински кошмар.

Во текот на ноќта се разбудивме неколку пати, а конечно околу 6:30 час. станавме да топиме снег и да подготвиме чај, а веднаш потоа и тестенини за појадок. Околу 7:30 час. Боби беше веќе подготвен и појде кон Остри Врв, а ние останавме во нашиот шатор уште некое време и тргнавме еден час подоцна. На почетокот дуваше ладен ветер, снегот на некои моменти беше замрзнат, но сепак, добро се движевме. Сонцето веќе се наоѓаше на некои околни врвови, што придонесе за преубавиот пејсаж околу нас.

Кога стигнавме на Остри Врв (2.263 м.н.в.) го забележавме Боби на соседниот врв (2.340 м.н.в.) над висорамнината Убава. Продолживме и ние кон соседниот врв, каде стигнавме точно во 11 часот, а со побрзо темпо на движење назад кај шаторите се вративме во 12 часот. Стопивме снег и подготвивме оброк од пире, ги собравме шаторите и тргнавме назад кон селото. Во Патишка Река стигнавме во 15 часот, а на пат кон Скопје застанавме пред една селска коперација, за да наздравиме со пиво за оваа убава зимска авантура.

Алек

Сите

{gallery}akcii/2012/karadzica122012{/gallery}

Sky Bet by bettingy.com

-5°C

Скопје

Чисто

Влажност: 85%

Ветер: 6.44 km/h

  • 12 Дек 2018

    3°C -4°C

  • 13 Дек 2018

    1°C -3°C

clenstvo
Членарината за 2018 година во ПК Македон изнесува 350 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе