Богородица, Св.Спас, Св.Недела и погоре на Матка

Шест члена група дополнета од две кучиња под иницијатива, организација и водство на Бојан, во саботата, 17.03.2012 бевме „од другата страна“ на Матка. Тоа е десниот дел, од кај трите цркви, што нагоре се продолжува кон портите на стрелиштето Јасен, па уште понагоре кон сртот на Сува Гора со повеќе безимени врвчиња.