Солунска Глава 24-25.05.2014

Викендот 24-25.05.2014 падна договор за искачување на врвот Солунска Глава и тренинг на последните снежни остатоци на снежникот на Горна Бабина дупка. Од Скопје појдовме четворица (Алек, Петар, Дејан и Дарко) во сабота попладне околу 15:30 часот, па преку село Папрадиште натоварени со доста опрема во домот Чеплес пристигнавме пред стемнување.