Вихрен преку Џамџиев раб (17.01.2015)

На 17.01.2015 година, во тричлен состав заедно со Един и Дејан, реализиравме искачување на врвот Вихрен 2914 мнв преку Џамџиев раб - источниот гребен кон врвот. Ние ја минавме варијантата која најчесто се користи во зима (обележана со бр.5) и се приклучува на гребенот на околу 2350 мнв од југоисточна страна.

Самиот гребен не е технички тежок, во средишниот дел се состои од карпеста секција која се минува со константно користење и на рацете (scrambling) и има детали со тежина II според UIAA. Во горните секции движењето се одвива најчесто по самиот гребен со широчина од околу еден метар, а наместа се минува од левата страна. Ниту за искачување ниту за спуштање немавме потреба од користење на јаже и осигурување. Меѓутоа сепак треба да се биде внимателен и да се има одредено искуство за движење по карпест терен пред да се појде на оваа насока. Поаѓајќи од домот "Вихрен" (1950 мнв) рано наутро во 5:15 часот, за искачување на Џамџиев раб ни беа потребни 4 часа и 15 минути, додека за спуштање 2 часа и 10 минути.

Алек

Sky Bet by bettingy.com

4°C

Скопје

Облачно

Влажност: 86%

Ветер: 6.44 km/h

  • 19 Ноe 2018

    4°C 0°C

  • 20 Ноe 2018

    8°C 0°C

clenstvo
Членарината за 2018 година во ПК Македон изнесува 350 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе