„НОВОГОДИШЕН“ Х 10

По повод јубилејот, 50 години од првото искачување на „Новогодишен", на 05.11.2015 година Александар Кирковски успешно реализираше своевиден подвиг од 10 x пати искачување и симнувањa на насоката за вкупно време од 9 часа и 28 минути.

„Новогодишен" е гребенот кој се издигнува над браната на Матка со должина од околу 600 метри и 250 метри висинска разлика. Насоката се карактеризира со тежина II / III UIAA и за првпат е искачена на 03.01.1966 година од страна на Јован Попоски и Владимир Андреевски. Денес истата е доста посетена со околу 100-тина искачувања годишно (според статистиката на alpinizam.org за 2011, 2012 и 2013 година), додека пак слегувањата надолу по гребенот не се толку популарни и веројатно се регистрираат по неколку годишно. По повод јубилејот, 50 години од првото искачување на 'Новогодишен', на 05.11.2015 година Александар Кирковски успешно реализираше своевиден подвиг од 10 x пати искачување и отпењавање на насоката за вкупно време од 9 часа и 28 минути. Според него ова претставува еден од потешките психо-физички потфати со кои се соочил и воедно изразува благодарност до логистичката поддршка од страна на Дејан Тодевски и karas4training.com. Уживајте во прекрасниот видео запис од овој настан.

Sky Bet by bettingy.com

3°C

Скопје

Облачно

Влажност: 95%

Ветер: 6.44 km/h

  • 19 Ноe 2018

    4°C 0°C

  • 20 Ноe 2018

    8°C 0°C

clenstvo
Членарината за 2018 година во ПК Македон изнесува 350 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе