Младински едукативен камп “Вртешка 2018“

Во периодот од 10.01.2018 до 13.01.2018 во организација на Планинарскиот клуб „Македон“ и Истражувачко здружение на студенти географи „Природник“ се реализира едукативен камп за ученици и млади во планинарскиот дом Вртешка на прекрасните падини на мистичната планина - Плачковица.

Програмата беше реализирана под водство на тројца искусни наставници и планинарски водичи: Петар Ивановски, Дарко Стојчески и Александар Кирковски. Главна цел на овој камп беше да ги однесеме младите во природа на чист воздух, но и истите да ги запознаеме и оспособиме со корисни географски и планинарски знаења и искуства. Во рамки на едукативниот камп се изведоа повеќе прошетки во природа со учење на терен, но и запознавање на природата и нејзините значајни карактеристики. Потоа беа презентирани планините во Р. Македонија и нивните убавини, високите планини во Европа - Алпите со посебен акцент на македонските искачувања, како и преставување на релјефот на карта, но и ориентација со помош на топографска карта и GPS. Покрај тоа учениците имаа можност да уживаат и да се забавуваат со повеќе географски квизови, спортски, но и друштвено - забавни игри.

Планинарскиот клуб “Македон“ заедно со ИЗСГ “Природник“ и во иднина имаат програма за реализација на слични активности и доближување на природата до младите генерации.

 

Sky Bet by bettingy.com

-4°C

Скопје

Чисто

Влажност: 87%

Ветер: 6.44 km/h

  • 12 Дек 2018

    3°C -4°C

  • 13 Дек 2018

    1°C -3°C

clenstvo
Членарината за 2018 година во ПК Македон изнесува 350 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе