Аконкагва 6962 мнв (28.01.2020 - 20.02.2020)

Експедиција на највисокиот врв во Јужна Америка - АКОНКАГВА 6962 мнв (Анди, Аргентина)

Период на реализација: 28.01.2020 - 20.02.2020

Организатор: Планинарски клуб “Македон“

Број на места: 6 (минимум за реализација на експедицијата е 4 учесници)

Цена: 3250 евра

Програма:

1. Скопје - Буенос Аирес

2. Буенос Аирес, прошетка низ градот и поаѓање кон Мендоза

3. Мендоза - добивање дозвола за успон, припрема и пакување на опрема

4. Транспорт до Пенинтентес 2500м, ноќевање во хостел

5. Хорконес - Конфлуенција (3300м) сместување во камп со кревети

6. Конфлуенција - ден за аклиматизација и успон до 4000м

7. Конфлуенција - БК Плаза де Мулас 4300м (сместување во шатори)

8. Плаза де Мулас (преглед на пулс, притисок, сатурација на кислород...)

9. - 17. Аклиматизација и успон на врвот Аконкагва 6962 мнв

18. Плаза де Мулас - Пенинтентес

19. - 20. Мендоза, одмор и прошетки

21. Буенос Аирес, прошетка низ градот

22. Враќање Буенос Аирес - Скопје

 

 Во цената е вклучено: 

- Авио карти, трансфери и такси Скопје - Буенос Аирес - Скопје

- Локален транспорт (Б.Аирес - Мендоза, Пенинтентес, Хорконес и обратно)

- 4 ноќевања со појадок во хотел 3* во Мендоза и Б.Аирес

- Сместување во хостел Пенинтентес, полупансион x 2

- Сместување во камп Конфлуенција, полн пансион x 2

- Сместување во шатори во Базен камп Плаза де Мулас, со полн пансион x 5

- Такса за национален парк и дозвола за успон на Аконкагва 6962 мнв

- Осигурување кое опфаќа само хеликоптерски транспорт БК - Хорконес

- Транспорт на опрема на мазги до Базен камп и назад (30 кг по човек)

- UIAA вочич на успонот (1 водич на макс 6 учесници)

 

 Во цената не е вклучено:

- Лично планинарско осигурување за врв од 6000+ метри

- Храна која се приготвува на примус во висинските кампови (се купува во Мендоза)

- Останати трошоци кои се од лична природа

 

Пријавување:

Инфо на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или 070390540 (Алек)

Рок за пријавување: 20.11.2019 (со уплата на 50% од вкупната сума)


Водич на акцијата: Александар Кирковски 

 

* За искачување на врвот Аконкагва 6962 мнв потребна е одлична психофизичка подготовка и планинарско искуство во летни и зимски услови. Задолжително е претходно искуство на врв од над 4000 мнв. Искачувањето на Аконкагва не е технички захтевно, но претставува сериозно високогорско искуство на речиси 7000 мнв. Учесниците на акцијата се должни во целост да ги почитуваат инструкциите на планинарскиот водич, а притоа секој одговара за сопствената психофизичка состојба и потпишува изјава дека на оваа експедиција учествува комплетно на своја лична одговорност. Учесниците детално ќе бидат запознаени со потребната опрема и кондициона подготовка, а предвидени се и неколку подготвителни зимски акции на локалните планини.

Sky Bet by bettingy.com

-2°C

Скопје

Облачно

Влажност: 74%

Ветер: 14.48 km/h

  • 03 Јан 2019

    0°C -2°C

  • 04 Јан 2019

    -1°C -3°C

clenstvo
Членарината за 2019 година во ПК Македон изнесува 400 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе