20.07.2008
КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување „Трпејца 08“ и искачување на врвот Магаро (2245 мнв) на планината Галичица.
”
Кампот од шатори на 14-члената екипа на Македон под водство на Аце Стојковски, беше сместена под падините на сончевата убавица Галичица и над бисерното Охридско езеро, десетина минути шешачење од с. Трпејца.
Првиот ден кога стигнавме беше искористен за кус одмор и подготовки за претстојните активности.
На 18 јули рано наутро 10 члена на Македон со помош на инструктори од Спортско качувачката асоцијација на Македонија, се обидоа, некои за првпат, да пробаат качување на карпа со насоки 4, 5 и 6 (браво за Ивана, Мила и Боге).
Искуството со спортско качување го сфативме и како еден од сериозните обиди за подготовки на нашите членови за некои идни посложени зафати.
Качувањата со инструкторите од СКА ги повторивме уште еднаш на 20 јули, воспоставувајќи и контакти за натамошна соработка.
Во сабота 19 Јули беше изведена акцијата искачување на врвот Магаро (2245 мнв) на Галичица.
Во мугрите (04:50ч) тргнавме седуммина (Боби, Виктор, Боге, Ивана, Мила, Санда и Дуле) од кампот преку с. Трпејца и местото наречено &bdquo Зли Дол&ldquo, и со право бидејќи од двете страни е заграден со опасен тешко прооден карпест предел. Откако по 4 часа одење излеговме од застрашувачкиот но убав Зли Дол, стигнавме до првите ливади облеани од утринското сонце.
Групата можеше послободно да тргне кон врвот уживајќи во глетката на непрегледните тревнати ливади што се спојуваа со небото, наместа пополнети со колонии од букови дрвја.
На врвот Магаро бевме во 13ч. Секој збор би бил непотребен за да се опише преубавата глетка на двата бисера Преспанското и Охридското езеро. Со големиот товар од убавини ни беше многу полесно да го минеме Зли Дол и неговото недопрено царство.
Назад кон извештаите