Што да се види?
Бабунски водопад
Под карпестиот дел на Солунска глава, местото наречено бабина дупка, извира реката Бабуна, а на 100тина метри подолу од изворите на Бабуна се наоѓа Бабунски водопад. При посета на планината Јакупица неибежен дел е да се посети овој водопад кој ќе ве остави без здив.

Бегово поле
На северната страна од Солунска глава на надморска висина од 2000 метри е распространето Бегово поле. Тоа претставува едно од најголемите пасишта на планината Јакупица.
