Пакувањето за движење во природа и на планина е прашање на да се земе или да се остави дел од опремата и облеката. Со се поголемиот избор специјализирана и квалитетна опрема, се наметнува потребата од ограничување на товарот кој го носиш во ранец, на работи кои ќе те чуваат безбеден, сув и комфорен. Идејата е да се носи тоа што е потребно и да се остави неполезното дома. Повеќе опрема и облека можеби те прават да се чувствуваш посигурно и поудобно но дополнителната тежина може да те ограничи во тоа колку долго, брзо или високо ќе стигнеш.
При купувањето на облека, бирај лесна облека која не е габаритна и која ќе те затоплува до самите маргини на условите кои очекуваш да те снајдат при планинарењето. Најкорисните и најефикасните работи за планираната употреба не се секогаш и најскапите. Сепак ни најефтината опрема не е најекономичната, туку преку искуството ќе препознаеш особености и атрибути на секоја опрема за кои вреди да се плати денар повеќе.
Облеката ти помага да останеш во удобна состојба со создавање на тенок изолациски слој од воздух веднаш до твојата кожа. Непријателите на комфорот – врнежите (влажноста), ветерот, жештината и студот делуваат против овој заштитен слој од воздух. „Удобност“ вообичаено е релативен термин за планинарите. При ненаклонети временски услови, планинарите се приморани да истраат многу повеќе од концептот за комфор кај повеќето „обични“ луѓе. Затоа, во планинарењето, клучот за одржувањето релативен личен комфор (наспроти природата) е да останеш сув, или кога си накиснат, да останеш топол и да се исушиш во најскоро време.
Планинарската облека има и поголема функција од овозможувањето удобност. Кога си на планина, при влошување на временските услови, немаш можност набрзина да се вратиш во цивилизација, и при такви ситуации мораш да се справиш со нив за онолку долго колку што ќе траат. На пример, долги периоди со врнежи, дури и на умерено ладни температури и/или изложување на силен ветер (wind-chill), може да предизвикаат телесната топлина опасно и неконтролирано да ти паѓа што те доведува во хипотермија. Внимателно бирај го твојот систем на облека за да бидеш уверен дека ќе ги преживееш и подолготрајните изложувања на ладни и влажни услови.
Спротивно, облеката мора да те заштити и од прегревање на топло време и да спречи непотребно потење, кое може да ја намокри облеката, што може да предизвика дехидрирање. Вентилацијата, дишењето на материјалот и заштитата од сончевите зраци се исто така дополнителни работи кои треба да се имаат на ум при купување облека за во планина.
Имај наум дека ниедно парче облека не е идеално за секој планинар или за секоја ситуација. Еден планинар може да носи сосема различен систем на облека од друг во зависност од нивната телесна структура и метаболизам. Ниту пак, секој планинар треба да ја носи истата облека на секоја тура. Најдобар начин во бирањето на облека е преку trial & erroг, држејќи се до стратегијата која ти овозможува најголема удобност.
Оптимизирај ја ефективноста и разнобразноста на облеката со носење на систем на слоеви. Слоевите ти олеснуваат да се прилагодиш на променливите температури и услови во планините. Целта на слоевите е да ја одржат твојата телесна температура на комфорно ниво во секое време, со најмала тежина и зафатнина на простор. Основниот систем се состои од три типа на слоеви:
Ткаенина | Предности | Недостатоци | Употреби |
Памук | Добар во топло време. Дише добро. Удобен е кога е сув. | Многу впивлив; се суши бавно. Губи квалитет на изолација кога се мокри. Несоодветен за ладни или влажни услови. | Заштита од сонце, марами, капи, маици. |
Волна | Поголемо триење и отпорност на ветер од повеќето синтетички материјали. Го задржува квалитетот на изолација кога е мокра. Високо триење на снег, мраз. Не се топи на висока топлина. | Потешка, апсорбира повеќе вода и се суши побавно отколку повеќето синтетички материјали. Може да биде гломазна. | Слоеви на кожата, изолација, и надворешни слоеви (џемпери, кошули, панталони), капи, ракавици, чорапи. |
Polyester или polypropylene | Повеќето видови апсорбираат помалку вода. Го задржува квалитетот на изолација кога е мокар. Лесен на тежина. | Некои видови задржуваат мириси. Не се отпорни на ветер. Може да биде гломазен. Се топи на голема топлина. | Многу различни форми. Слоеви на кожата (долна облека, маици) слоеви на изолација (влакна, волна), капи, ракавици, чорапи. |
Најлон | Силен, издржлив, лесен. Добар отпор на ветер и триење. | Прилично впивлив ако не се третира добро. Може да се исуши бавно. Лизгав. Се топи на голема топлина. | Надворешни слоеви (облека за ветер, панталони за дожд, ракавици без прсти), капи, чорапи со бариера за пареа. |
Еластична или проткаена мешавина од најлон | Разноврсна. Еластична, трајна, прилично заштитува и е отпорна на ветер. Обично брзо се суши. Широк спектар на удобност. | Некои видови се сушат бавно. Може да се закачи. Може да биде скапа. | Слоеви на кожата, лесен среден или надворешен слој (панталони, кошули}. |