31.05.2009
Мај месец некои луге носталгично ги потсетува на слетовите и останатите манифестации кои беа поврзувани со роденденот на Другарот ни Тито, но исто така за оние „поромантични“ души ги припрема за традиционалното искачување на Титов Врв. Оваа година исчекувањто беше по 28- ми пат.
Да си ја следиме традицијата и да го зголемиме бројот на учесници во ова искачување 14 члена на КПС „Македон“ се приклучија кон останатите учесници точно во 07.00 од пред хотелот „Попова Шапка“. Веке на стартот оние поодважни тргнаа кон Церипашина од кај Смрека, оние малку понеодважни кон Церипашина од под хотелот, а оние најупорните преку „Ваквската патека“ со главната колона.
Бидејки јас бев од оние „поупорните“ која идеше одоколу, ке си зборам за тој пат, а тој го знаат многумина. Времето како створено за настанот и идеално за качување. Движењето по зелениот тепих преставуваше задоволство за секој кој се нашол тамо. Толку зелено не се гледа секој ден. А шаренилото на околните ридови го оправдуваат името на самата Шара. Убавина која може да се доживее само на тоа место.
Лека полека, колоната полека но сигурно се наближуваше кон врвот. Со мали попатни застанувања, кој да го овековечи моментот со апарат, или да фати некој добар кадар на пејсажот, нормално и за краток одмор, скоро сите учесници заставуваа на седлото пред врвот. Ај, ај ај ај, кај ли дојдовме и што ни треба уште ова качување. Сигурно повеке од половината учесници тоа си го вртеа во главата гледајки го успонот кон врвот. Ма кај тие врвови ги прават највисоко. Можеше кулата да ја изградат и тука на самото седло, поубаво ке било. Ама ај, некој тоа веке си го направил ние да се мачиме. А тоа мачење трае само половина час. Еееее, но по она што се гледа од горе нема да му е жал на човек да пешаче уште толку време.
Прво стапнување на врвот и веке се гледа Југославија во мало. Едно од луѓе а друго од шаренилото на знамињата. Македонско, српско, босанско, црногорско… сретнавме луѓе од Словенија, за жал нивното знаме не го видов но се најде и едно од оние старите југословенски. Ма шта да ти причам – братство и јединство. Мерак за очи, како од луѓе така и од погледот. Тука барем се собравме на купче еден дел од нашата екипа, доволно да се окрепиме и полека назад. Мара да отстапиме место за останатите кои доваѓаа нагоре.
Надоле малку порелаксирно, нормално, се се тркала полесно. Значи нема фрка, може и да си дозволиме повеке одмор. А фала му на Бога, такви места на Шара ги има охохооо. Се симнуваме надоле, една група од 6-7 души и слушаме како гостите од другите Републики одушевено зборат за се она убаво што го доживеале и виделе во овој дел од убавата ни наша земја и некако убаво ми оди на душичката. Ма растам ко квасец бре.
Време за губење нема, ај надоле до Попова Шапка, треба и за Скопје да се враќа. А доле, пред Смрека, Господ го остави Ваце, познатиот кумановац, кој во сорабтка со Кочо, случаен битолчанец и едно девојче од „Македон“ со име Анета, кои направиле една тоооолку убава салатичка и оладиле една тоооолку убава ракиика што легна како кец на банка. Една по една и дојде, ама стварно дојде време да се трга назад. Жално но тоа е тоа. На дружењето му дојде крај но само за овој викенд.
До следното видување во волку голем број ке причекаме најверојатно до септември, а до тогаш има доста планини и уште повеке убави места во оваа наша Македонија кои просто не викаат да ги посетиме а дружењето и гезмето ке си дојдат сами по себе.
Сакам само уште да ги поздравам сите оние добри луѓе од сите краиште кои беа на оваа акција и со кои се „судрувавме“ качувајки се и симнувајки од Титов Врв. Пофалби до сите членови од ПСД „Македон“ кои по „офанзивата“ го освоива овој врв од сите страни.
Ова е само мал дел од она што можат да го ставам на папир и е можеби малку сиромашно, но толку од мене за сега. Поздрав и пофалба до сите…
Пишува: Макси
Назад кон извештаите