FB Event
Настан

Титов Врв Скајрејс / НП во Скајранинг

Планинско трчање до највисокиот врв на Шар планина и назад

На ден 16.06.2019 година ќе се одржи “Титов Врв Скајрејс“ во организација на Планинарски клуб “Македон“ од Скопје. Во соработка со Федерацијата на планинарски спортови на Македонија како член на Светската скајрaнинг федерација оваа трка ќе претставува национално првенство во скајранинг за 2019 година.

Стартот и финишот ќе бидат на Попова Шапка (1750м), а техничките карактеристики на трасата се 21 км со 2100D+ главно по суров терен над 2000 мнв.
Стартот на трката ќе биде во 08:00 часот.
Временски лимит на КТ2 (9 км - седло под Бакардан) ќе биде 3:45 часа, а временски лимит за завршување на трката 8:30 часа.

Категории:

  • Апсолутна (генерален пласман мажи и жени)
  • Ветерани (50+ возраст)
  • Млади (до 21 година)

Котизација за учество: 200 денари

ПРИЈАВУВАЊЕ до 10.06.2019 година

Услови за учество: Скајранинг-от е опасен спорт и се одвива на суров високопланински терен. Секој учесник потпишува изјава и учествува на настанот на своја одговорност. Организаторот дава насоки и ќе направи се за што поголема безбедност на учесниците, но не сноси одговорност за евентуални незгоди. Услов за учество се наполнети 18 години на денот на трката.

Наградување: Медали и дипломи за подиумите во сите категории. Наградниот фонд во апсолутна категорија (генерален пласман) ќе биде накнадно соопштен.

Контакт: 075322059 (Петар) и 078310552 (Дуле)

Инфо за натпреварувачите [ажурирано: 11.06.2019]

Резултати од трката [ажурирано 17.06.2019]


Резултати

Sky Bet by bettingy.com

-2°C

Скопје

Облачно

Влажност: 74%

Ветер: 14.48 km/h

  • 03 Јан 2019

    0°C -2°C

  • 04 Јан 2019

    -1°C -3°C

clenstvo
Членарината за 2019 година во ПК Македон изнесува 400 денари, вклучувајќи и осигурување до 3000 мнв.

Повеќе
about
Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје функционира уште од 2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со...

Повеќе