Titov Vrv SkyRace изјава

Изјавувам дека на натпреварот во планинско трчање (скајранинг), Титов Врв Скајрејс 2021, учествувам на сопствена одговорност според личната подготвеност и одговарам за својата здравствена состојба за практикување на ваков тип на спортски активности.

Во целост сум свесен дека овој тип на настани содржат дополнители ризици за учесниците и согласно тоа изјавувам дека учествувам по моја слободна волја и на моја иницијатива, дека целосно ги преземам ризиците и последиците што може да произлезат од моето учество (вклучително повреда, губење и слично, па се до ризиците како трајни последици или смрт). Изјавувам дека сум соодветно подготвен (физички и психички) да учествувам на ваков тип високопланинска трка и сум свесен за тешкотиите и напорот на трката, маршрутата, висинскиот профил и растојанието. Поседувам доволно знаење и искуство кои ја гарантираат мојата лична безбедност на високопланински и непристапен терен.

Изјавувам дека се обврзувам да ги почитувам моралните вредности кои ги наложува организаторот, а се однесуваат на еколошката свест и грижа за околината во која се движи патеката.

Изјавувам под полна морална и кривична одговорност дека во изминатиот период немав контакт со лица заболени со Ковид-19 и не подлежам на мерки за самоизолација; и дека на денот на одржување на трката се чувствувам потполно здрав/а, без покачена телесна температура или други симптоми на вирусот; и дека ги прифаќам и ќе ги почитувам сите пропишани мерки и протоколи за заштита во текот на натпреварот.

Назад кон формуларот за пријава

Scroll Up
  • Scout Nomad Mobility Garmin Step Marketi Stop&Go